Св. Доротеј вели: „И јас еднаш видов смирен човек во еден манастир, кој на никого не му одвраќаше; сите го прекоруваа, а тој премолчуваше и си реков: ’Овој ќе да е многу свет!‘ Отидов да ја дознаам неговата тајна и се разочарав. Зошто? Го прашав: ’Отче, како така не се гневиш и имаш такво смирение и сѐ поднесуваш?‘ И знаете ли што ми одговори? ’Да – да!
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 61)
Рече Господ на Јудеите што беа дошле кај него: „Тешко вам, фарисеи, оти давате десеток од нане и рута, и од секаков зелен, а преминувате преку судот и љубовта Божја; ова требаше да го правите, но и она да не го оставате. Тешко вам, фарисеи! Оти сакате да сте на првите места во синагогите и да ве поздравуваат по плоштадите!