Свечена литија во Струмица (24.03.2019)
Следниот ден, 24 март 2019 година, во црквата „Св. Григориј Палама и св. вмч. Димитриј“, по архиерејската Божествена Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение со Митрополитот Европски г. Пимен и викарниот епископ Стобиски г. Јаков, започна свечената литија со иконата, по булеварот „Маршал Тито“ до градскиот плоштад „Гоце Делчев“.