Недела на Св. Григориј Палама, Лешочки манастир
На 24.03.2019 година, Недела на Св. Григориј Палама, Неговото високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Василиева литургија во Лешочкиот манастир, со свештеници од Тетовското архиерејско намесништво. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.