Божјата благодат и силата на Светиот Дух со Кој се осветува водата, особено се чувствува на денот на Просвештението, кога правиме спомен на Крштението Господово од раката на Св. Јован Претеча. Со чинот на осветувањето на богојавленската вода и полагањето на крстот во водите, се символизира ослободувањето од гревот што Христос му го донесе на родот човечки. Во тој миг се случува осветување на сите води и секој што ќе се допре или пие од таа осветена и облагодатена вода, го чувствува Божјиот благослов, се исполнува со голема сила
Полагање на крстот во реката Радика
Тропар на Соборот на Светите седумдесет Апостоли 4 јануари / 17 јануари 2024
Глас 3
Апостоли свети, молете го Милостивиот Бог, да ни подари простување на нашите согрешенија.