Скопје,24ти март 2019 - храм Рождество на Пресвета Богородица
На 24ти март 2019 година, во нашата света, соборна и апостолска Цркви молитвено се прослави споменот на :
- Свети Софрониј, патријарх Ерусалимски
- Светиот маченик Пиониј и другите со него
На 24ти март 2019 година, во Неделата на св.Григориј Палама, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го празнува споменот на свети Софрониј, патријарх Ерусалимски,светиот маченик Пиониј и другите со него,во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, протоереј Драган Јанковски во сослужение ереј Спасе Таковски и на ѓаконите Методиј Митановски и Михаил Манојлов отслужи Божествена Литургија. Бројниот верент народ се причести со Светите Христови Тајни. Отецот во текот на Литургијата произнесе парнична беседа.
„ Но, секое добро што го прави човекот на својот ближен треба да произлегува од љубовта спрема Бога и ближниот. Човек треба да го сака Бога со сета душа и со сето свое битие, какои својот ближен, бидејќи преку тоа фактички се помага себе си. Се бoгати со богатството кое никој не може да му го одземе, а со тоа и си ја создава вечната радост и блаженство.“(Повеќе)
Преминпортал (к.т.)
Друго: