Ти прашуваш како треба да се молиш? Господ Исус Христос ни говори на сите нас: молете се како цариникот, угодувај Му на Господа како вдовица кон неправеден судија. Господ повторно нè учи: познај ја својата ништожност, својот неисплатлив долг, признај ја и почувствувај ја својата вина пред Господа, заборави ги сите свои добри дела (добри дела немаме како нешто свое, а ако нешто имаме, тогаш тоа се дела извалкани со разни нечисти примеси – суета, гордост, користољубие и сл.) и како должникот
Нашиот однос кон духовникот или исповедникот
– Да се биде христијанин, да се живее според Божјите заповеди денес е многу сложено доколку не се потпреме на искуството од другите луѓе. А религиозното искуство, пред сè, се содржи во црковното предание. И носители на тоа предание се исповедниците, чија најважна функција е пастирството. При тоа, сакам да нагласам дека свештениците можат да бидат различни: паметни, глупави,