Тоа што треба да го задржува нашето внимание, деца мои, е љубовта спрема другиот човек, неговата душа. Што и да правиме – молитва, совет, опомена – се' да правиме со љубов.
Без љубов од молитвата нема корист, советот навредува, опомената штети и го упропастува другиот, кој чувствува дали го сакаме или не го сакаме и реагира соодветно на тој начин. Љубовта спрема нашиот ближен не подготвува повеќе да го засакаме Христос. Зарем тоа не е прекрасно?
Несебично да ја дарауваме својата љубов на сите, ни најмалку не гледајќи на нивното однесување спрема нас.
Кога во нас влезе благодатта Божја, веќе нема да се занимаваме со тоа дали другите не сакаат, или дали ни се обраќаат со добрина или без неа. Чувствуваме потреба се' да сакаме. Егоизам е кога сакаме другите да ни се обраќаат со добрина. Нека не не' ожалостува спротивната појава! Да им препуштиме на другите да ни се обраќаат онака како сами чувствуваат.
Старец Порфириј+
Избор од фб профил на