СИНАКСАР - НЕДЕЛА ЦВЕТНА
И Оној што за престол го има небото, седнат на осле, влегува во Ерусалим. Децата, пак, еврејски, пред Него ги постилаа своите облеки и палмови гранки, а некои носеа и во рацете и Го поздравуваа, викајќи: Осана на Синот
И Оној што за престол го има небото, седнат на осле, влегува во Ерусалим. Децата, пак, еврејски, пред Него ги постилаа своите облеки и палмови гранки, а некои носеа и во рацете и Го поздравуваа, викајќи: Осана на Синот
Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа сила која го воскреснува умрениот? Со целото свое празнување Црквата одговара на ова прашање: Христос плаче затоа што во оваа смрт на својот пријател Тој го созерцува торжеството на смртта
Избирајќи Го и посветувајќи Му се со љубов на Господ Христос, ние влегуваме во судир меѓу безверието и верата, меѓу стравот и храброста, меѓу схоластицизмот и духовноста, меѓу учењето за создадените и несоздадените Божествени енергии, меѓу рационализмот и опитот, меѓу Варлаам и Григориј Палама, меѓу царството земно и Царството Небесно, меѓу предавството и лојалноста.
Годинава, само четири свештеници пееле и запирале на 14-те места на Исусовиот пат, според Евангелието, кога ја сретнал мајка си, паднал, примил помош за носење на крстот и сретнал расплакани жени.
Првпат во повеќе од 100 години за Велигден е затворена Базиликата на Светиот Гроб во Ерусалим. Во христијанската четврт на градот улиците се празни а повеќето дуќани се затворени.
3. И му рече Господ на Јакова: „Врати се во земјата на таткото свој и во родот свој; и Јас ќе бидам со тебе!”
4. Тогаш испрати Јаков, и ги повикаа Рахил и Лија од полето, каде што беше стадото,
5. и им рече: „Гледам дека лицето на вашиот татко не е спрема мене како вчера и завчера; но Бог на таткото мој беше со мене.
Ниедна институција, ниеден колективитет нема да станат подобри додека во нив не влезат добри луѓе. Тоа е и мотото на овој серијал. И ако и може да се прогледа низ прсти на она „Човек сум, од страсти сум составен“ или „Пушач сум по навика“, на она – „Човек сум по навика“, не може. Зашто, како што се навикнавте на цигара, со време ќе навикнете да бидете и идиоти што со ножици го сечат Петрета. Мртов.
А зошто го сечат ако е мртов?
„Според природата, молитвата е сопостоење и единство на човекот со Бог. Според дејството, таа е одржување на вселената, помирување со Бог, мајка на солзите и нивна ќерка истовремено, смилостивување за гревовите, мост со којшто се преминуваат искушенијата, панцир кој штити од секоја мака, разбивање на демонските напади, служба на ангелите, храна на сите бестелесни, идно радување,
Храмот е најдобра и најизлечива болница, а оној кој ве советува, па макар бил тоа и српскиот патријарх или кој било владика, дека може само пет луѓе да бидат во храмот, тој или нема вера или служи некоја друга служба.
Господ Христос е најдобриот Лекар и Он ги дава најдобрите лекарства преку Светата Тајна Причест – тоа е најдобриот лек!
Ние сме православни христијани, немаме причина да се плашиме од никој друг освен од Бога.
Како што јадеме леб и пиеме вода секој ден, и живото тело секогаш повторно сака да јаде и да пие, така и душата не се заморува од постојаното благодарење на Бога, но уште повеќе сака да мисли на Него. Исто така, колку повеќе дрва ставаме во огнот, толку повеќе тој се разгорува. Така е и со Бога. Колку повеќе мислиш на Него, толку повеќе се разгорува љубовта и ревноста спрема Него
Блажен е човекот кој за време на молитвата кон Пресвета Богородица ќе заплаче од радосно умиление затоа што постои Таа – чудесната Молитвеничка за целиот човечки род и семилостивата Помошничка во секоја мака и неволја.
Блажен е човекот кој ќе заплаче од радосното чувство дека постои толку прекрасен, толку човекољубив, толку семилосрден Спасител на светот како што е Господ Христос.
„Архистратигот на ангелските сили беше испратен од Бога при чистата Дева да ѝ го благовести необичното и неискажливо чудо: бессеменото воплотување на Бога од неа и нејзиното девствено раѓање, заради обновување на целиот човечки род. Луѓе, објавувајте ја оваа радосна вест“ (Светилен на Утрена на Благовештение на Пресвета Богородица).
На 7 април 2020 година, Неговото високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, каде беше прославен празникот кој го јавува предвечното таинство и кој е почеток на нашето спасение – Благовештението на Пресветата Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија, кој е епархиска слава на
Цвет не можам да донесам
зошто таква градина немам,
која послана може да биде
од мириси кои срце не ги виде.
Не можат меѓу себе да се разберат оној што, бранејќи го својот национален идентитет – ги губи и истиот и својот христијански идентитет, со оној што бранејќи го својот христијански идентитет – го зајакнува својот национален идентитет.
Не можат да се разберат меѓу себе оној што се поистоветува со партија, држава и нација, со оној што негува пастирски однос кон партиите, државата и нацијата.
Постојат моменти во нашиот живот што имаат посебно значење. Ако се важни тие моменти зашто треба да ги искористиме за нашето спасение, тогаш толку се важни и овие кои му претстојат на нашето братсво. Сите увидуваме дека се судбоносни и дека нашите одлуки треба да бидат во согласност со светата волја Господова.
Го молиме Бога да нè просветли, и вас- за да го прифатите сето она што е за вашето спасение; и мене, за да ви го кажам во овој момент она што е
Богородица Марија. Име на возвишеност и светост; име на Божествена убавина, „радост за сите народи“, „Служителка на светата радост!“ Колку и да се големи искушенијата што ги врвиме; колку и да се длабоки и бурни брановите што се закануваат да нè потопат и удават; колку и да се тешки маките што нè притискаат; колку и да се големи тагите и жалостите што нè гушат – секогаш последниот збор го има Мајката Христова, Мајката наша, Утешителката на децата
Ете, св. Марија Египетска ни покажа каков е клучот од заклучените врати, како да го најдеме, како да ги отклучиме, та најпосле да влеземе. Појдете по тој пат сите вие кои имате потреба. А кому не му е потребно тоа? Значи, да појдеме сите. Никој нека не одбива, никој да не заостанува зад другите, никој да не губи надеж. Домаќинот ги повикува сите и сите ги чека. Да појдеме, еден со друг да се поттикнуваме и еден со друг да се бодриме.
На патот кон вечното блаженство секогаш има безброј пречки и искушенија. И ова што ни се случува во денешницата е едно искушение, кое со вера, со надеж и со љубов треба да го победиме. Затоа во овие моменти на криза на целокупното општество ширум светот, ние не треба во никој случај да дозволиме да паднеме во очајание и безнадежност, туку треба постојано да Му благодариме на Бога ...
Не можам само да разберам како земјата тогаш ме носеше, и како за време на пловењето морето не ме голтна мене, којашто ги вовлеков во смртниот грев толкуте луѓе! И мислам дека Бог го чекаше моето покајание. Го чекаше со долготрпение, како татко кој љуби не сакајќи ја смртта на грешникот.Конечно, стигнавме во Ерусалим. Останаа неколку дена до празникот.
Лесно е да кажеш - љубов. Но, колку само подвиг треба за да ја стекнеш вистинската љубов. Таа нѐ завидува, нѐ суди, не се срди, на сѐ се надева, во сѐ верува. Таква е љубовта. Оти ако завидуваш, ако сѐ срдиш, како можеш да имаш нешто заедничко со Бога? Ако постојано судиш или завидуваш, како ќе живееш во просторот на љубовта? Таа ќе те гори, ќе те пече, ќе те измачува!