Свети Климент Охридски: Похвално слово за празникот „Наоѓање на главата на Свети Јован Крстител“
Во деновите на царот Ирод дојде глас во пустината до Јован, синот на Захарија, и тој дојде на другата страна од реката Јордан, проповедајќи покајно крштение за проштавање на гревовите[1]. Во тие, пак, денови се умножи и бесот на Ирод, кој ја зеде жената на својот брат Филип. И Јован му рече: „Отпушти ја, зашто не е добро да ја земеш жената на својот брат“[2]. Не можејќи од злоба да го поднесе своето изобличување, го фати и го фрли во затвор.