Божествена Литургија во храмот на св.пророк Илија (18.01.2015)

Плoд, плoд и самo плoд бара Гoспoд oд сeкoe живo дрвo штo сe вика чoвeк. Дoбриoт плoд e бoгoљубивoтo, а лoш плoд e самoљубивoтo срцe. Сeтo oстанатo штo чoвeкoт гo има и штo гo ужива, какo: пoлoжбата, власта, чeста, здравјeтo, паритe, учeнoста - сeтo тoа сe самo лисја на дрвoтo. “Сeкoe дрвo штo нe дава дoбар плoд сe сeчe и сe фрла вo oган” (Мт. 3:10).








Тоа што сум јас монах, а ти не си, не значи ништо. Бог подеднакво го слуша и монахот и човекот од светот, под услов и двајцата да се вистински верници. Бог бара срце полно со вистинска вера, во кое ќе испрати од Својот Дух, зошто во човечкото срце е Царството Божје.
Црквата е место каде што просторот е исполнет, место на изобилие од слобода и љубов, на вистински спокој, на длабоко вдишување. Таа е простор каде што душата дише длабоко, каде што срцето нормално ти отчукува, каде што не трепериш, ниту, пак, стравуваш, каде што твоето сопствено јас е вистинско, автентично, чесно и искрено.
Внимавај на себе, свештенику, и на оние кои ќе ги учиш, и гледај на службата која си примил да ја исполнуваш; бидејќи не ти е доверена земска служба, туку небесна; не човечка, туку ангелска.






































