Зрзескиот манастир, Свето Преображение е едно од највеличествените светилишта на МПЦ. Духот на манастирот секојдневно го негува монашкото братство, предводено од Епископот Хераклејски Г.Климент – игумен Зрзески.
Нивната неуморна енергија постојано и секојдневно се вградува во новиот, величествен изглед на манастирот.
Вториот ден од Божик, братството го посвети на прошетка низ планискиот масив на Даутица.
Да се биде во Зрзе е празник сам по себе. Да се биде за Божик во Зрзе, е сведочење на Христовата радост.
Извор: http://religija.mk/velichestven-vtor-den-bozik-vo-zrze/