На 09.01.2016 година на денот кога Православната црква го слави св. архиѓакон и првомаченик Стефан, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештенослужители од Скопската епархија отслужи Архиерејска Литургија во храмот Св. Стефан во населбата Аеродром. Пред Литургијата беше осветено црковното ѕвоно.
Од името на свештенството и верниот народ му го честитаме именденот на нашиот Архипастир.
На многаја лета блаженејшиј владико!
Извор: Скопска епархија