На 10.01.2016 година, 32 недела по Педесетница – на Светите Богоотци, Неговото високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова Литургија во манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка, во сослужение на протоереј Жарко Мицкоски и ереј Марјанчо Мадевски. Верниот народ кој присуствуваше на литургијата се причести со Светите Христови Тајни.