Црквата е место каде што просторот е исполнет, место на изобилие од слобода и љубов, на вистински спокој, на длабоко вдишување. Таа е простор каде што душата дише длабоко, каде што срцето нормално ти отчукува, каде што не трепериш, ниту, пак, стравуваш, каде што твоето сопствено јас е вистинско, автентично, чесно и искрено. Таму си оној којшто си. Грешен и покајан. Ќе згрешиш, ќе се исплачеш, ќе се покаеш. И тоа се случува постојано сè додека Христовата љубов не те обземе. На крајот гревот ослабува.
А знаеш ли што е гревот?
Една измама. Но, кога ќе го засакаш Христос гревот веќе нема да те привлекува. Нема да се напрегнуваш за да не грешиш, ниту, пак, ќе се задушуваш. Изборот кон доброто ќе доаѓа спонтано, зашто нема да сакаш да згрешиш. Гревот нема да ти се допаѓа, затоа што си исполнет со нешто поинакво. Не можеш ли да си замислиш такво нешто? Тоа е толку едноставно.
Кога некој пуши цигари, тоа значи дека ништо друго во него не предизвикало задоволство и ги нашол цигарите. Но, доколку неговото дете, неговата жена, неговото семејство станат „негова топлина и задоволство“, тој нема да сака цигари. Тогаш, веќе нема да биде потребно да го малтретираш и да му велиш: „Доста веќе! Куќата уште од сабајле е како оџак“! Веќе нема потреба од такви потсетувања.
Архимандрит Андреј Конанос
Избор од фејсбук страната на:
манастирот во Зрзе