Не очајувајте во неволјите и не кревајте раце од сè. Почесто читајте го Евангелието. Исус Христос им проштавал на сите кои се каеле, но и предупредувал: „Оди си и не греши повеќе“. Почесто прибегнувајте кон Него, бидете свесни за своите недела, молете за помош, принудете се секогаш, како гласно, така и во себе, да ја повторувате Исусовата молитва.
Свети Силуан Атонски:Како да дознаеш живееш ли ти по волјата Божја?
Еве признак: ако жалиш за нешто, значи не целосно си се предал на волјата Божја. Оној кој што живее по волјата Божја, тој за ништо не се грижи. И ако нешто му е потребно, тој и себе и потребата ја предава на Бога; и ако не ја добие, посекако останува спокоен, исто како да ја има. Душата која што се предала на волјата Божја