Преподобен Јосиф Исихаст: Молитвата ќе ја најдеш таму каде што ќе мирува твојот ум!
Умствената молитва за мене е како за секој човек неговиот занает, бидејќи во неа се вложувам себеси повеќе од 36 години. Кога дојдов на Света Гора веднаш ги побарав пустиножителите што се подвизуваа во молитвата. Пред 40 години ги имаше многумина што имаа живот внатре во себе. Луѓе со добродетели! Старци! Од нив одбиравме старец и го имавме за патеводител. Значи, практиката на умствената молитва е да се присилуваш себеси да ја кажуваш молитвата гласно и непрекинато.