логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Aja.Sofija6

Писмо бр. 214
БОРБАТА СО СТРАСТИТЕ ВОДИ КОН ВЕЧНА РАДОСТ

"... Откако го прочитав твоето писмо, те сожалувам, затоа што го сметаш својот живот за тегобен како во манастирот, така и во светот. Господ не створил не за плач, туку за радост. Ние сами сме си виновни, што ги труеме со гордост дните на својот живот. Ти си отишла во манастирот не по принуда, ами по Божјо призив, со сопствена желба. Меѓутоа, ние имаме страсти, дојдени од Адамовиот престап, кои ни досадуваат и онеспокојуваат, подучени од нашите невидливи непријатели. Кои страсти се поштетни за нас, ти можеш да дознаеш од учењето на св. Јован Лествичник, кого не еднаш си го читала и дури си го препишувала. Во одговор на твоето писмо јас ти пишував многу јасно, против оние сомненија, кои ти ги имаше. Сега ќе ти го кажам уште ова: нашиот Господ Исус Христос ни го дарувал Својот мир (Јн. 14, 27). Тој мир е спокојство од страстите, на кои, за истребувањето треба да се трудиме и подвизуваме, та со Божја помош да придобиеме слобода и спокој од нив. Од житијата на св. Отци и од нивното учење ти гледаш, дека мнозина, откако ги победиле своите страсти, придобиле добродетели и постигнале смирение. И за тебе е откриен тој пат. Читај книги, забележувај ги своите страсти и спротивставувај се на нивното дејство, откако ќе ја повикуваш Божјата помош и ќе ја сознаеш својата сопствена немоќ. И покрај се, не можеш сама да победиш никаква страст, смири се, гледајќи ја својата немоќ и успокој се. Не треба да се вознемируваш и очајуваш. Спомни си што ти бев пишувал: очајот е плод на гордоста. Ти сознаваш, дека си исполнета со гордост, која горчливо го труе целиот твој живот. Впрочем, ако проникнеш подробно, ќе се покаже, дека сите наши гревовни падови, т.е. дејствата на страстите, произлегуваат од неа. Св. Јован Лествичник пишува, дека гордоста претходи на падот. Значи, потруди се да и се спротивставиш преку себеукорување, откако ќе ги согледаш своите неисправности. Кога вршиш нешто, спомни си што заповедал Господ: 'Кога исполште се, што ви е заповедано, речете: Ние сме слуги негодни, отиго извршивме она, што бевме должни да го извршиме.' (Лука 17, 10). Чудното е тоа, дека дури самите добродетели без смирение не ни користат, а смирението само се застапува за нас пред Бога. (Калист и Игнатиј, гл. 43). Преку него ние можеме да најдеме мир за своите души по словото Господово (Мт. 11, 29). Читај ги творбите на св. Јован Лествичник за гордоста и смирението и учи се да ја извлечеш гордоста од своето срце, откако таму ќе го насадиш смирението. При општење со луѓе, да се запознаеш себеси, дали ги гледаш своите, а не нивните недостатоци, сметајќи се себе за последна, а сите други - за подобри од тебе. Во случај на навреда од некого, ти ќе можеш при такво расположение полесно да ја поднесеш навредата и да ја истргнеш својата страст. Памти ја заповедта за љубовта, откако ќе се потрудиш да ја придобиеш. Заповедано ни е да се сакаме не само еден со друг, но да ги сакаме и своите непријатели (Мт. 5, 44). Но сето тоа ние можеме да го исполниме при општење со нашите ближни, ако ја оставиме својата немоќ и се смириме. Самата љубов без смирение не е совршена, нашата љубов не воздигнува, а смирението не допушта да паднеме. Впрочем, ако постапуваш така, животот ќе биде светол и манастирот нема да ти се чини гроб, туку рај!" (стр. 504-506).

Писмо бр. 215
ГОРДОСТА ГО ИЗРОДУВА ОЧАЈОТ И ХУЛНИТЕ МИСЛИ

„...Ти благодарам, оти ги примаш моите совети, кои ти ги предлагам со вистинска усрдност. Така ти ќе сознаеш, дека имаш гордост, од која се изродува очајот и хулните мисли. Со сите средства труди се да го придобиеш спротивното на гордоста - смирението. Како треба ова, учи се од книгите на светите Отци. Постојаното самоукорување е близок пат кон него. Хулната помисла ти не можеш сама да ја изгониш, таа не е твоја, туку на ѓаволот. Биди уверена, дека ти не хулиш, туку ѓаволот... Биди спокојна и не го сметај тоа за твој грев. Така ќе можеш да го прогониш. Ако ли, пак, се вознемируваш и се мачиш да го прогониш, со тоа уште повеќе го вооружуваш ѓаволот против себеси. Не осудувај никого, не се мисли за подобра од другите. Тогаш хулните мисли ќе се прекинат." (стр. 507).

Писмо бр. 219
КОМУ СЕ ДАВА ДУШЕВЕН МИР

„...Слава на Бога, дека се удостои да се причестиш со пречистите Христови Тајни и добџ мир на својот дух! Велиш, дека таков, ретко ти се дава поради твоите гревови. Гревовите си се гревови, но лекувањето им се случува со покајание. А мир се дава и на грешниците, меѓутоа на такви, кои се смируваат и се каат." (стр. 512).

Писмо бр. 220
ПАТОТ НА СПАСЕНИЕТО Е ВО СМИРЕНИЕТО И ВО БОРБА СО СТРАСТИТЕ

„...Најсилното наше оружје во таа борба е смирението. Треба да бидеме уверени, дека ниту страдањата, ниту луѓето се причина за нашите тешкотии, зашто 'на оние што Го љубат Бога... се им оди добро' (Рим. 8, 28). Според светоотечкото учење, добро е да имаш наставник и да го насочуваш својот живот во отсекување на својата волја и разум, како што пишува св. Калист во 14 и 15 глава ... Но, штом не врвиш по тој пат, треба да имаш некоја духовна сестра, на која ќе и се доверуваш и да добиваш од неа со вера душеполезни совети. Тоа може многу да го олесни твојот живот. Та, како мислиш ти да минеш без маки, штом Светото Писмо не учи, дека преку многу маки треба да влеземе во Царството Божјо (Д. ап. 14, 22), и дека широкиот пат води кон пропаст, а тесниот - во вечен живот. (Мт. 7, 13-14)? Сакаме ние или не, страдања ни се испраќаат, зашто се спасителни. Бог го прави тоа од љубов кон нас, откако ќе не симне од широкиот пат и ќе не постави на тесниот и мачен пат. Луѓето во светот, исто така, носат маки, и тоа, уште потешки од нашите. Ние имаме грижа само за себеси и за својата душа, а тие се сврзани со брачни врски и имаат деца!... И така, увери се, дека причината за нашите маки се нашите страсти - главно гордоста, а по неа и другите, кои не мачат безмилосно. Потруди се да придобиеш смирение во сите свои дела и при секој случај. Читај духовни книги со смирение и ќе добиеш од Господа вразумување и поткрепа, откако ќе врвиш по вистинскиот пат на спасението, кое усрдно ти посакувам да го постигнеш со Божјата благодат!" (стр. 515-516).

Писмо бр. 221
САМОУКОРУВАЊЕТО ЛЕКУВА ОД ГОРДОСТ И ГИ ЧИСТИ НАВРЕДИТЕ

„Откако го прочитав твоето писмо, срдечно те сожаллив, гледајќи колку си неспокојна. Причината за тоа ти самата ја разбираш и си ја изразила во своето писмо двапати: ' Тешко е да опишам се, што ја исполнува мојата горда душа. 'И понатаму ‘за нас има само мака, а наградата ни е неизвесна, при што маката од гордост е неправилна, но сепак е мака’ -Гледаш ли како гордоста го изедува и угнетува човечкото срце. При навредувањето од сестрите, ти сама го нарекуваш сосема празно, трнот на навредата така длабоко проникнал во твоето срце, така што, една седмица ти не можеш да го извадиш. Зар не гледаш, дека тоа се случува поради твоето гордо расположение, како што ти самата велиш. Бог, Кој сака да се поправиш и спасиш, промислително го допуштил тој случај. Во тебе имало залог за гордост, кој, ти не си го видела. Случајот ти покажал како таа се раздвижила и наместо да пројавиш мудрост и со Божјата помош да и се спротивставиш преку самоукорување и смирение, ти си прибегнала до обратното дејство. Зар другите ја вложиле во тебе таа страст? - Не, таа лежела во тебе и по Божја Промисла се разоткрила преку другите луѓе. Немој да мислиш, дека јас ги оправдувам сестрите. Јас и тебе не те принудувам да општиш со нив. Ти самата си знаеш дали си добила некаква полза од своето општење со нив, и наполно е во твоја волја да поддржуваш или да не поддржуваш општење со нив. Меѓутоа, од такви случаи е невозможно да се сочуваме, а треба да ги примаме со полза за себеси од секој човек, откако не ги доверуваме на својот разум, колку и да се мислиме умни. Зашто, Светото Писмо вели: Ако некој мисли дека нешто знае, тој се уште ништо не дознал, како што треба да знае. (1. Кор. 8, 2). Впрочем, каде да бараш мир? - Сам Господ ни го посочил: Поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши (Мт. 11, 29). Ако се самообвинуваме, се уништува дејството на гордоста, а при обвинувањето на другите, се умножува гордоста, а со неа и маките. Кој е причина за тоа? - Самите ние!... Само едно зборче Прости' кажано со срдечна смиреност, ги прогонува непријателите и дарува мир!"(стр. 516-518).

Aja.Sofija1
Писмо бр. 222
СТРАСТИТЕ СЕ КРЕПАТ НА САМОЉУБИЕТО И ГОРДОСТА

„...Ти велиш, дека сум те заборавил во своите молитви, и затоа си немала мир од постојаната борба со своите страсти и дека ѓаволот те напаѓа откако ќе види, дека нема кој да те заштити. Макар и грешен, јас се молам за тебе, но е потребна и вера од твоја страна и грижа за противење на страстите. Пишуваш, дека „страстите не се сменуваат една со друга, туку сите господарат во тебе." Разбирам, дека имаш страсти, но страстите не можат да господарат со нас, ако им се противиме и повикуваме Божјата помош против нив. Нашето самољубие и гордост се оние кои ги зацврстуваат во нас страстите и им даваат победа над нас. Затоа најмногу против нив ти треба да се вооружиш и да им се противиш. Тогаш и другите страсти лесно ќе можат да бидат победени"(стр. 518-519).

Писмо бр. 225
СМИРУВАЈ СЕ И НИКОГО НЕ ОСУДУВАЈ !

„...Читај ги списите на св. Отци, откако ќе ги приложуваш кон себеси, и труди се да ги исполнуваш. Кога ќе исполниш нешто, смири се и обрати го кон Божјата помош. При неисправност, пак, сознај ја својата сопствена немоќ и уште повеќе смири се, за да ја добиеш Божјата помош. Гледај на луѓето како на Божји Ангели, сметај ги за подобри од тебе, макар тоа и да не е точно така. Судија нека им биде Бог, а не ние! Тој секогаш е готов да простува, штом ќе се покаеме! Ние, пак, го гледаме само јавниот пад на своите ближни, а не го гледаме нивното тајно покајание" (стр. 523).

Писмо бр. 236
БОРБАТА СО ПЛОТСКАТА СТРАСТ

„...Да се боиш и срамиш при исповед, тоа, исто така, доаѓа од гордост. Ако се обвиниме пред Бога при Неговиот сведок (свештеникот), ќе добиеме мир и простување. Ако нема во нас плотска борба, тоа е уште полошо. Тоа означува, дека таков човек е соработник со демоните и затоа тие не го напаѓаат. Притоа, ние не сме од дрво, ниту од камен, а носиме тело, кое треба да го победиме со Божјата помош!" (стр. 525).

Писмо бр. 228
ПОЛЗАТА ОД СОЖИТЕЛСТВОТО СО ЛУЃЕ ЛОШИ ПО КАРАКТЕР

„...Знам, дека не малку жалиш, затоа што не си соодветствувате по карактер со М. М. Во сето тоа ја гледам дејствителната Божја Промисла во делото на твоето спасение. Без да се сомневаш верувај, дека Бог го допуштил тоа, за да те искуша, така што, без Неговата волја дури ни едно влакно од главата не ни загинува. (Лука 21, 18). Што да кажеме за нешто поважно? Впрочем, ако однесуваш се кон Бога и ги примаш мачните случаи со самоукорување, откако сметаш, дека ги заслужуваш, тогаш лесно ќе ги поднесеш. Но, ако напротив, ги укоруваш другите и ги сметаш виновни за твојата мака, тогаш уште повеќе ќе ги настроеш против себе и ќе го отежнеш својот крст. За ова, прочитај во 51 и 79 слово на св. Исаак Сирин и јасно ќе го разбереш. Срдечно жалам, дека нема мир помеѓу тебе и М. Н., но христијанската мудрост, според учењето на св. Отци и тука наоѓа полза. Како ќе ги разбереме скриените во нас страсти и како ќе можеме да ги истребиме? - Не преку долготрпението на ближните кон нас, а преку нашето долготрпение кон нив. Тие ни посочуваат какви страсти се наоѓаат во нас. Но, на кој начин? - По Божја Промисла, т.е. Бог ги испраќа да ни направат нешто непријатно и противно, та од тоа да разбереме, дека во нас има страсти и да се погрижиме да ги искорениме, метутоа, откако ќе ги сметаме за наши добротвори виновниците за тоа, сообразно со словото на св. Авва Доротеј: ' Да се укоруваме себеси, а не ближниот!' Тоа се знае, дека такви болести не е можно брзо да се излекуваат. Но, ако ја осознаеш својата сопствена немоќ и се самоукориш, ќе придобиеш олеснување. Пишувајќи ти го ова, јас сосема не ја оправдувам М. Н., а поттикнат од љубов кон тебе, ти го посочувам патот, или само ти го напомнувам. А ти, откако ќе ја согледаш својата немоќ, моли му се на Господа да ти дарува разум и сила да се спротивставуваш на демонските искушенија, та да ја добиеш Божјата помош и да се спасиш!" (стр. 527-528).

Aja.Sofija12

Писмо бр. 231
ДА ГО ПРИДОБИВАМЕ ПОЛЕЗНОТО ЗА НАС СМИРЕНИЕ, А НЕ ГОРДОСТА КОЈА НИ ПОГУБУВА

„...Господ вели: 'Поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, иќе најдете мир за душите ваши' (Мт. 11, 29).
- Има ли во нас разум? - За она, што ни носи мир, ние дури и не мислиме. А гордоста, која изродува секакво зло и не лишува од мир, ние не ја отфрламе. На смирение не учи Самиот наш Господ Исус Христос, а на гордост - изобразителот на злото - ѓаволот. Треба, најпосле, да се вразумиме и да придобиеме смирение!" (стр. 531-532).

Писмо бр. 233
ПАТОТ НА СПАСЕНИЕТО

„...Нашата цел е спасението на нашите души. Патот кон него ни е посочен од св. Отци: преку одрекување на својата волја и разбирање, ние полесно можеме да ги победуваме страстите, откако преку исполнување на Божјите заповеди ги придобиваме добродетелите и преку смирение ја соборуваме гордоста. Но, бидејќи, ти, откако не си нашла сестра, која ќе те раководи, а ти да и се покоруваш... сама иследувај ги Божјите заповеди и светоотечките списи и раководи се од нив. Врви по патот на смирението, без да скршнуваш од целта, откако ќе ја осознаеш својата немоќ и ќе се укоруваш себеси, а не блиските. Св. Отци многу јасно ни го посочиле патот на смирението, кое дури, без други дела не спасува, додека, пак, други дела без смирение не ќе не спасат." (стр. 533).

Писмо бр. 236
ДА ГИ ВИДИШ СВОИТЕ СТРАСТИ И ДА СЕ БОРИШ СО НИВ Е ВЕЌЕ ГОЛЕМО
ПОСТИГНУВАЊЕ ВО ДУХОВНИОТЖИВОТ

„...Ми пишуваш, дека за 9 години си придобила Познание за дејството на страстите, за кое, порано не си имала претстава. Сега благодариш на Бога, бидејќи те повикал за монашки живот и Го молиш да те удостои до крајот на својот живот да поминеш во покајание. Не е ли тоа благодатна промена, која се должи на десницата на Севишниот (Пс. 76, 11)!? ... Слава Му на Бога! Срдечно се радувам на таа твоја промена. Ако веруваш, ќе видиш поголеми нешта од ова (Јн. 1, 50) и ќе се познаеш самата себе. При твојата добра желба Бог ќе ти помогне да ги видиш уште повеќе своите сопствени немоќи, да се смируваш, закрилена од Божјата благодат, без да бидеш засегната од демонските стрели!"

3.angeli.so.truba

архимандрит Серафим

Извор: ОПТИНСКИ СТАРЦИ

I том

Повардарска  епархија

„Св.Ѓорѓи Полошки“

Велес 2018

 Apostolsko.drvo.Hristos

 Старец јеросхимонах Макариј: За вистинскиот христијански живот ...

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3136
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7613
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная