Молитвен спомен за покојните и надгробниот епитаф на Теодосиј Пречистански
Повторно пред блесокот од слегувањето на Светиот Дух и роденденот на Мајката Црква, таа го запалува светлото на љубовта кон сите наши праотци, отци, мајки, браќа и сестри, што си заминале од овој свет, потсетувајќи нè дека сите ние, живите и покојните, едно цело сме, една заедница во Христа, Победителот на смртта.