Св. Ефрем Сирин - За љубовта и за оние кои немаат љубов во себеси
Оној што има љубов тој заедно со Бога стои повисоко од сè. Оној што има љубов не се плаши; зашто совршената љубов го изгонува стравот (Јован 4, 18). Оној што има љубов никогаш и од никого не се гнаси – од мали и големи, од славни и неславни, сиромашни и богати; напротив, самиот се поставува подолу од сите; на сè се извинува, сè претрпува (1. Кор. 13, 7).