логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

...Што е смислата на ХРИСТИЈАНСТВОТО и ПОРАКАТА на Светото Писмо во овој СВЕТ.
Па прочитајте и размислете!
------------

1. Една од темелните вистини, со која се среќаваме во Светото Писмо (Библијата), е вистината дека нашиот Творец, Отецот и Синот и Светиот Дух, не го создал злото и смртта и не ја прифаќа пропаста на живите и животот.
Тој создал се' за живот, за постоење! И се' во овој свет, но и во сите димензии на постоењето, постои за да го одржува тој ЖИВОТ.
(Види: Јован. 1, 1 - 51; Прва книга Мојсеева. 1, 1 - 17)

2. Откако во духовниот/ ангелски свет се случи големата трагедија - бунтот на завидливиот светлоносен херувим/ ангел, а по овој настан и неговото отпаѓање, а потоа од неговата болна состојба испровоцираната појава на злото, гревот, духовната смрт и адот (пекол, состојба во која се отпаднатите ангели /демони) - нашиот Творец внимаваше и опоменуваше човештвото да не се зарази со најопасниот отров што постои во универзумот, со ЗЛОТО
(Види: Прва книга Мојсеева. 1, 17).

3. Но, поради непослушноста кон Творецот, а излажани од злоизворникот - сатаната, прародителите на човештвото се заразија со ЗЛОТО и тоа во нив предизвика ДУХОВНА СМРТ.
А духовната смрт во нашите прародители Адам и Ева се пројави преку:
- губење на животоодржувачкото - благодатно - единство со Творецот
- губење на можноста за стекнување вечно постоење/ бесмртност,
- губење на совршената состојба на постоење за која беа создадени - Царството Божјо,
а како последица на духовната смрт настана смртта на телото, биолошката смрт.
(Види: 1. Мојсеј. 3, 1 - 24; 5, 5; 1. Коринт. 15, 21 - 23)

4. Од моментот на отпаѓањето на Адам и Ева од рајската доброподобна состојба на постоење, а преку нив и на целото човештво, нашиот Творец, нашиот Небесен Отец, промислуваше како човештвото да го спаси од отпаднатата состојба на постоење, да го СПАСИ и ОСЛОБОДИ од: злото, гревот, духовната и биолошката смрт и од робството на демонски сили.

Целото Свето Писмо, сите свети книги од кои е составено, како од периодот на Стариот Завет (од Адам, Ное, Авраам, Мојсеј, Пророците)
така и од периодот на Новиот Завет (од вочовечувањето и мисијата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос) ни сведочат за ова спасоносно дело Божјо.

- пророштво за тоа како ќе изгледа делувањето на Месијата/ Христос од пророкот Исаија. 53. 1 – 12; Ова пророштво е запишано 740 години пред доаѓањето на Спасителот!

„Тој беше презрен и отфрлен меѓу луѓето, човек на болки и свикнат на страдања, и ние го одвраќавме од Него лицето свое; Тој беше презиран, и ние за ништо не Го сметавме. Но Тој ги зеде врз Себе нашите болки и ги понесе нашите слабости; а ние мислевме дека Тој беше поразуван, казнуван и понизуван од Бога. А Тој беше изнаранет за нашите гревови и мачен заради нашите беззаконија; казната за нашиот мир падна врз Него, а преку Неговите рани ние се излекувавме.“

- пророштво за тоа каде ќе се роди Месијата од пророкот Михеј. 5, 2; Запишано 742 години пред доаѓањето на Спасителот!

„И ти, Витлееме Ефратов, иако си најмал меѓу илјадниците Јудејци, од тебе ќе ни излезе Оној, Кој треба да владее во Израилот и чие потекло е од почетокот, од вечноста.„

- зборови на Месијата запишани во евангелието според апостол Јован. 3, 13 - 21)

„Никој не се искачил на небото, освен Оној Кој слезе од небото, Синот Човечки, Кој е на небото. И како што Мојсеј ја подигна змијата во пустината, така треба да се издигне и Синот Човечки, та секој што верува во Него да не загине, но да има живот вечен. Зашто Бог (Небесниот Отец) толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син (своето совечно Слово/ Логос/ Син Единороден), та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот. Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него. Кој верува во Него - нема да биде суден, а кој не верува, тој е веќе осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Син Божји. А овој суд е затоа што Светлината дојде на светот, но луѓето повеќе ја засакаа темнината отколку светлината, зашто нивните дела беа зли. Зашто секој, што прави зло, ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат разоткриени неговите дела бидејќи се лукави. А оној што твори вистина, оди кон светлината за да се видат неговите дела, бидејќи се по Бога извршени.“

Врвната вистина од ова дело Божјо, е ВИСТИНАТА дека нашиот Небесен Отец преку Исус од Назарет - кој е Христос (Месија/ Помазаник), Син (Слово/ Логос) Божји - односно, преку Неговата искупителна и спасителна мисија која се оствари преку:

а. објавувањето на вистината (евангелие - радосна веста) за тоа зошто постоиме и што треба да направиме за да стекнеме вечен живот, односно да го стекнеме Царството Божјо;
б. победата над злото и сатаната остварена на крстот со безграничната жртвена љубов кон секој човек и со победата над смртта со воскресението, му ОВОЗМОЖИ на ЦЕЛОТО човештво спасение, ослободување од духовното робство.

5. И затоа Победникот, Спасителот на светот, нашиот Исус (Јешуа), нашиот Христос/ Месија (Машиах) - со потполна власт му објави на целото човештво:

"Јас сум воскресение и живот; кој верува во Мене (кој ќе ја прими во својот живот горенаведената вистина и со неа ќе го осмисли и исполни својот живот), и да умре (се мисли на телесната смрт) ќе живее." (се мисли на животот на душата/ личноста по телесната смрт и на воскресението - оживувањето на телото - пред второто доаѓање на Месијата, како Судија на целото човештво) (Јован. 11, 25).

6. Затоа Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква - новозаветниот народ Божји/ учениците Христови - предводени отпочеток од апостолите, а потоа од епископите и презвитерите - веќе над двеилјади години со полна увереност кај сите народи ја сведочи Радосната вест (евангелието) за победата над злото, гревот, смртта и сатаната!
Но, пред се, ја сведочи МОЖНОСТА секој човек - додека е во тело и во овој свет - преку верата во Христос/ Месијата, преку крштевањето, преку примањето на силата на Светиот Дух, преку причестувањето со Телото и Крвта на воскреснатиот Спасител и преку исполнување на Неговите заповеди и водење на спасителен духовен живот, уште во овој живот да ја спознае вистината за вечниот живот и за смислата на постоењето.

7. Пророштвата на пророците од Стариот Завет за доаѓањето на Месијата се исполнија.
Пророштвата на Месијата за Неговото крсно страдање, за воскресението, за вознесението/ враќањето кај Отецот Небесен, за симнувањето на Светиот Дух, за разрушувањето на старозаветниот Храм во Ерусалим - се исполнија.
Пророштвото за тоа како ќе се развива историскиот тек на човештвото и Црквата од Неговото прво доаѓање до Неговото второ доаѓање - е во процес на исполнување.
Очекуваме да се оствари и пророштвото за:
а. Неговото второ доаѓање - како Судија на целото човештво,
б. за воскресението - оживувањето на телата на упокоените и нивно соединување со душите,
в. за крајот на светот - ваков како што ние го познаваме
и за почетокот на совршаната состојба на постоење - Царството Божјо и за вечниот живот во тоа Царство - на сите оние што ќе бидат спасени, односно, ќе го поминат судот Христов.

Пред нас е ИЗБОРОТ!

Или ќе се вратиме кај нашиот Творец и Отец Небесен во Неговата совршена состојба на постоење, во Царството Божјо,
или од Него даруваниот живот ќе го истрошиме до степен во кој ќе се самозаборавиме - кои сме и зошто сме!

презвитер Ивица Тодоров

Јуни, лето Господово 2015



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2084
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2103
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 547
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/05/2026 - петок

Свети цар Борис-Михаил Покрстител ; +Пренос на моштите на Свети Атанасиј Велики; Светите маченици Борис и Глеб; Светите маченици Еспер, Зоја, Киријак и Теодул;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная