На Валаам мироточи Казанската икона на Божјата Мајка
8 јуни 2015 лето Господово
Претходната вечер во скитот „Сите Светии“ при Валаамскиот манастир, се прослави споменот на сите светии со торжествена Божествена Литургија на која чиноначалствуваше игуменот на манастирот епископот Троицки Панкратиј, соопштуваат од светата обител. Пред Литургијата во главниот храм на скитот беше отслужен водосвет. Во предвечерието на празникот, за време на сеноќното бдение, во храмот на Бесплотните сили небески, на Казанската икона на Божјата Мајка беше забележано појавување на неколку маслени капки на миро, кои ја натопија наметката и превезот на Пресвета Богородица.
Казанската икона на Божјата Мајка била живописана во еден од Сибирските манастири специјално за Валаамскиот скит и донесена во Валаам во 2015 година. Таа била положена во специјален кивот со стакло и натпис „Покриј и спаси ја земјата“. Скитот на „Сите Светии“ се смета за најзатворен скит бидејќи жените овде можат да дојдат само еднаш во годината – на главниот празник на скитот. Сега со благослов на епископот Троицки Панкратиј беше извршена фотоархивирање на мироточењето на иконата, после што повторно беше вратена во кивотот и заштитена во стаклото.
Во Валаамскиот манастир се забележани многу случаи на чудесно истекување на миро од иконите, па така во 1999 год., промироточила иконата на преп. Сергиј и Герман Валаамски чудотворци, а во 2004 год., свето миро се појавило на стаклото од иконата на Пресвета Богородица „Сецарица“, живописана на Атон специјално за Валаамскиот манастир.
Извор: Православие.ру
Преземено од: Бигорски манастир