НЕДЕЛА ЦВЕТНА – ЦВЕТНИЦИ (28.04.2024)
Седнат на бесловесно осле, доаѓа да ги ослободи луѓето од бесловесноста.
Во овој ден го празнуваме славниот и пресветол празник Цветници (Врбица) од следнава причина: По воскресението на Лазара од мртвите, мнозина од оние што го видоа овој настан поверуваа во Христа, поради што Јудејскиот суд реши да го убие Христа, како и Лазара. Исус се повлече,