логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


На Голема вечерна: по почетниот псалм (103-ти) обична катизма Блажен е оној човек: На Господи, повикав, земаме 10 стиха, и пееме 5 стихири самогласни, повторувајќи ги. Глас 6.
Денес благодатта на Светиот Дух нѐ собра и, откако го зедовме Твојот крст, сите велиме: Благословен е оној што иде во името на Господа, осана во висините.
Оној што за престол го има небото и за подножје – земјата, совечното Слово и Син на Бога Отецот, се понижува да седне на бесловесно осле, затоа еврејските деца држејќи во рацете гранки, гласно Го фалеа: Осана во висините, благословен е Оној што иде – Царот Израилев.

Пријдете сите: новиот Израил, и ние кои сме Црква од народите, да извикаме со пророк Захарија: Радувај се многу, ќерко Синова, огласувај, ќерко Ерусалимова: ете, Царот твој доаѓа при тебе, кроток е и спасува, и Кој седи на младо осле, рожба на ослица што тегли јарем; празнувај го како децата кои, држејќи во рацете гранчиња, го фалеа: Осана во висините, благословен е Оној што доаѓа – царот Израилев.
Предобразувајќи го за нас Твоето чесно Воскресение, со Твојата заповед, Благи, си го воскреснал Твојот пријател Лазар, кој лежеше во гробот четири дена веќе смирисан; затоа седнат на осле, носен како на кола, на народите си им дал пример на смирение: поради тоа и Твојот возљубен Израил Ти принесува похвала од устата на доенчињата и незлобивите дечиња, кои Те гледаат Христе, како влегуваш во светиот град, шест дена пред Пасха.

Шест дена пред Пасха дојде Исус во Витанија и пристапија кон Него учениците Негови, велејќи Му: Господи, каде сакаш да Ти ја приготвиме пасхата да ја јадеш? А Он, ги испрати: Одете во најблиското село и ќе најдете човек, кој носи стомна вода; следете го и во домот на господарот кажете: Учителот вели: Кај тебе ќе ја извршам пасхата со Моите ученици.

Слава: Денес благодатта на Светиот Дух нѐ собра и, откако го зедовме Твојот крст, сите велиме: Благословен е оној што иде во името на Господа! Осана во висините.
И сега: истото.

Hristos.Cvetnici1


Вход. Светлино тивка: Прокимен: Господ се зацари, во убавина се облече.

Од книгата Битие (1. Мој 49, 1-2, 8-12), читање:
Потоа ги повика Јаков синовите свои и им рече: „Соберете се, за да ви соопштам однапред, што ќе се случи со вас во последните денови. Соберете се и послушајте ме, вие синовите на Јакова, послушајте го Израилот таткото ваш. Јудо! Тебе ќе те фалат браќата твои, и рацете секогаш ќе ти бидат врз плеќите на непријателите твои; и тебе ќе ти се клањаат синовите на таткото твој. Јудо, лаве мој мал! Од грабеж се издигаш, сине мој. Се наведнуваш и легуваш како лав и лавица. Кој смее да те разбуди?  Нема да недостасува кнез од Јуда, и водач од бедрата негови, сè дури не дојде Оној, Кому му припаѓа власта, и Он е надеж на народите. Тој го врзува за лоза оселот свој, и прлето на неговата ослица за дебела прачка,; во вино ја пере облеката своја, а во крв од грозје облеклото свое;  очите му се повесели од вино и забите му се побели од млеко.‟

Од пророштвата на Софонија ( 3, 14-19), читање:
Радувај се, ќерко Сионова, ликувај, Израиле, весели се и радувај се од сè срце, ќерко ерусалимска: Господ ја одмени пресудата над тебе, го изгони непријателот твој. Господ, Царот Израилев, е посреде тебе: нема повеќе да видиш зло. Во оној ден ќе му речат на Ерусалим: „не бој се” и на Сион „да не заслабнат рацете твои.” Господ, твојот Бог, е посреде тебе. Он е силен да те спаси; ќе се развесели за тебе со радост, ќе биде милостив според љубовта Своја, ќе се гордее за тебе со песни.” Оние што тагуваат за празнични торжества, Јас ќе ги соберам; а тие се твои, врз нив лежи тежок укор. Ете, Јас ќе ги притеснам сите твои мачители во она време, ќе го спасам она што е хромо, ќе ги соберам расеаните и ќе им дадам чест и слава по целата земја, каде што биле под срам.

Од пророштвата на Захариј ( 9, 9-15), читање:
.Ликувај од радост, ќерко Сионова, извикувај, ќерко ерусалимска; ете, Царот твој доаѓа при тебе, праведен е и со спасувачка сила, кроток, седнат на осле, рожба на ослицата. Тогаш ќе ги истребам колите на Ефрема и коњите на Ерусалим, и ќе се скрши убојниот лак; и Он ќе објави мир на народите, и царството Негово ќе се протега од море до море и од реката до краиштата на земјата. А што се однесува до тебе, Израиле, заради крвта на заветот Јас ги пуштив затворените од ровот, каде што нема вода. Враќајте се во тврдината вие затворените, кои се надевате! А сега што ќе воспоставам, ќе ти дадам двојно. Зашто како лак ќе го затегнам Јуда и лакот ќе го наполнам со Ефрема, па ќе ги подигнам синовите твои, Сионе, против синовите твои, Еладо и тебе ќе те направам како меч јуначки. Ќе се појави над нив Господ и како молскавица ќе излета стрелата Негова; ќе загрми Господ Бог со трубата и ќе појде кон јужните бури со гласот на гневот Свој. Господ Саваот ќе ги брани.
На литија стихири самогласнии, глас 1:

38.machenici1


Сесветиот Дух, Кој апостолите ги научи да зборуваат други јазици, и на незлобните еврејски деца им заповеда да пеат: Осана во висините, благословен е Оној што доаѓа – Царот Израилев.
Собеспочетниот и совечен Син и Слово на Отецот, седејќи на неразумно осле, денес дојде во градот Ерусалим. Оној што ни херувимите не можат да Го гледаат со страв, децата го прославија со гранчиња, таинствено оддавајќи Му похвала: Осана во висините, осана на синот Давидов, Кој дојде сиот наш род да го спаси од прелеста.
Шест дена пред Пасха, се слушна гласот Твој, Господи, во бездната адова. Затоа си го воскреснал и четиридневниот Лазар. А децата еврејски викаа: Осана, Боже наш, слава Ти.
Глас 2: Господи, кога влегуваше во светиот град, јавајќи на осле, побрза да одиш на страдање, за да го исполниш законот и пророците. А децата еврејски, предвестувајќи ја победата на воскресението, те пречекуваа со палмови гранчиња, говорејќи: Благословен си, Спасителе, помилуј нѐ.
Слава Ти, Христе, Кој седиш на престол во висините, и сега си очекуван со Твојот чесен крст. Затоа се весели ќерката Сионова, се радуваат земните народи; гранчиња држат децата, а ризи учениците, и сета вселена се научи да Ти пее: Благословен си, Спасителе, помилуј нѐ.
Слава, и сега: Глас 3: Шест дена пред Пасха, дојде Исус во Витанија, за да го воскресне четиридневниот Лазар и да го објави Воскресението; го сретнаа и жените Марта и Марија, сестрите Лазареви, велејќи му: Господи да беше Ти овде, немаше да умре нашиот брат. Тогаш Исус им рече: Зар веќе не ви реков: „Кој верува во Мене, и ако умре, ќе живее“. Покажете ми каде го положивте; извика кон него Творецот на сите: Лазаре, излези надвор!
На стиховни, стихири самогласни, глас 8.
Радувај се и весели се граде Сионе, ликувај од радост Цркво Божја, зашто, ете, Твојот Цар дојде во правда, седнат на осле, воспеан од децата: Осана во висините, благословен си Ти, Кој имаш мноштво добрини, помилуј нѐ.
Стих: Од устата на децата и доенчињата си примил похвала.
Денес Спасителот дојде во градот Ерусалим, за да го исполни Писмото, и сите зедоа во рацете гранчиња, а пред Него простираа облека, знаејќи дека е Он нашиот Бог, Кому херувимите Му пеат непрестајно: Осана во висините, благословен си, Кој имаш мноштво штедроти, помилуј нѐ.
Стих: Господи наш, колку е чудно името Твое по сета земја!?
Благи, Кој седиш на херувимите и си воспеан од серафимите, си седнал на осле како Давид и децата Ти пееја богодолично, а Јудеите хулеа против Тебе неправедно, а Твоето седење на осле го предобразува покрстувањето на незнабожците. Слава Ти, Христе, единствен Милостив и Човекољубец.
Слава: Денес благодатта на Светиот Дух нѐ собра и, откако го зедовме Твојот крст, сите велиме: благословен е оној што иде во името на Господа, осана во висините.
И сега: истото.
Сега го отпушташ:
Трисвето и во продолжение според редоследот. Потоа ги пееме отпустителните тропари.
Глас 1: Христе Боже, утврдувајќи ја верата во општото воскресение, пред Твоето страдање го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и ние, како децата носејќи знаци на победа, Ти пееме Тебе, Победителу на смртта: Осана во висините! Благословен е Оној што доаѓа во името на Господа (2-пати).
Тропар, глас 4: Погребани со Тебе во крштението, Христе Боже наш, со Твоето Воскресение се  удостоивме за бесмртниот живот, и затоа пееме: Осана во висините, Благословен е Оној што доаѓа во името на Господа.

Hristos.Cvetnici3


НЕДЕЛА ЦВЕТНА – ЦВЕТНИЦИ
УТРЕНА

На Бог Господ: тропар, глас 1:
Христе Боже, утврдувајќи ја верата во општото воскресение, пред Твоето страдање го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и ние, како децата носејќи знаци на победа, Ти пееме Тебе, Победителу на смртта: Осана во висините! Благословен е Оној што доаѓа во името на Господа (2-пати).

38.machenici1


Слава, и сега: Тропар, глас 4:
Погребани со Тебе во крштението, Христе Боже наш, со Твоето Воскресение се  удостоивме за бесмртниот живот, и затоа пееме: Осана во висините, Благословен е Оној што доаѓа во името на Господа.
По првото стихословие, седални, глас 4.
Подобен: Јосиф се зачуди:
Со гранки, умно и духовно очистени, верно да Го восфалиме Христа како децата, гласно пеејќи Му на Господа: Благословен си, Спасителу, Кој дојде во светот, за да го спасиш Адама од древната клетва, духовно станувајќи Новиот Адам, Спасителу, Слово, Кој благоволи да создадеш сѐ премудро, слава Ти.
Слава, и сега: друг седален, глас 4.
Подобен: Си се јавил:
Господи, Кој го воскресна од гробот четвородневниот Лазар, сите, со врбови и палмови гранчиња, си ги научил да Ти пеат: Благословен е оној што доаѓа.
По второ стихословие, седален, глас 4.
Подобен: Јосиф се зачуди:
Над Твојот пријател, Христе, тајно лееш солзи, и од мртвите го подигнуваш Лазара кој лежеше мртов, покажувајќи го Твоето човекољубиво сострадание: а кога дозна за Твоето доаѓање, Исусе, мноштво дечиња излегоа денес, држејќи во рацете гранки и пеејќи Ти: Осана, благословен си Ти, кој дојде светот да го спасиш.
Слава, и сега: друг седален, глас 1.
Подобен: Иако каменот беше запечатен:
Запејте едногласно, луѓе и народи, зашто Царот на ангелите се качи сега на осле и сака да оди на крст, за да ги порази како силен непријателите. Поради тоа и децата со гранчиња пеат песна: Слава Ти, Победителу, Кој дојде, слава Ти, Христе Спасителу, слава Ти Тебе, благословениот и единствен Бог наш.
Величние: Те величаме, Животодавче Христе, осана во висините, и ние Тебе Ти пееме: Благословен е Оној што доаѓа во името на Господа.
По полиелеј седален, глас 8.
Подобен: Кога ангелот ја прими на ум заповедта:
Оној што седи на престолот херувимски, а заради нас на осле, и Кој доброволно оди на страдање, денес ги слуша децата кои пеат: Осана, - и народот кој вика: Сине Давидов, побрзај да ги спасиш оние што си ги создал, благословен Исусе, зашто си дошол да ја разбереме славата Твоја.
Слава, и сега: исто.
Потоа степена, прв антифон од глас 4.
Прокимен, глас 4: Од устата на децата и доенчињата си примил похвала. Стих: Господи наш, колку е чудно името Твое по сета земја.Сѐ што дише: Евангелие по Матеј, зачало 83 (21, 1-11, 15-17). Откако го видовме Христовото воскресение: не читаме, но веднаш псалмот 50. Потоа свештеникот кади крстообразно и ја чита следната молитва:

38.machenici1


МОЛИТВА ЗА БЛАГОСЛОВУВАЊЕ НА
ГРАНЧИЊА

Ѓакон: Да се помолиме на Господа.
Народ: Господи, помилуј.
Господи Боже наш, Кој седиш на херувимите, Кој си ја издигнал силата на Твојот Син, Господ наш Исус Христос, за да го спаси светот со Својот крст, погребение и воскресение, Кого и сега, кога дојде во Ерусалим, за да страда доброволно, Го сретнаа луѓето што седат во мрак и во смртна сенка, носејќи знаци на воскресението: гранки од врби и палмови гранчиња; Самиот Ти, Владико, запази нѐ и сочувај нѐ и нас во овој претпразничен ден, кои по примерот на оние носиме во рацете врбови и палмови гранчиња: та, како што оние народи и деца Ти пееја: Осана, - и ние исто така, со песни духовни, да го достигнеме живототворното и тридневно Воскресение, во Христа Исуса нашиот Господ, со Кого си благословен, со пресветиот, благ и животворен Твој Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.
Додека народот го целива Евангелието, свештеникот дели гранчиња.
Слава: глас 2: Денес Христос влегува во градот Витанија, седнат на осле, разрешувајќи го најтешкото безумие, кое некогаш беснееше.
И сега: исто.
Потоа: Помилуј ме, Боже, по Твојата голема милост и, по мноштвото на Твоите штедроти, очисти го моето беззаконие.
Глас 6: Денес благодатта на Светиот Дух нѐ собра и, откако го зедовме Твојот крст, сите велиме: Благословен е оној што иде во името на Господа, осана во висините.
Потоа молитвата: Спаси ги, Боже, луѓето Твои:
Господи, помилуј: (12- пати).
И по возгласот, канон, ирмосите по двапати, тропарите на 12. Катавасија, ирмоси и двата хора, творба на господин Козма, чиј акростих е: Осанна Христос евлогименос Теос (Осана, Христос, благословен е Бог). Глас 4.
Песна 1
Ирмос: Изворите на бездната станаа безводни; се откри дното на морето разбранувано од бурата, зашто си му наредил со заповед; Господи, си го спасил избраниот народ, кој Ти пее песна победничка.
Господи од устата на децата и доенчињата си примил похвала од слугите Твои, за да го победиш непријателот, и со Твоето страдање на крстот да го искупиш древниот пад Адамов, со дрвото да го воскреснеш него, кој Ти пее песна победничка.
Црквата на преподобните Ти принесува похвала, Христе, Кој живееш во Сион, зашто Израил Ти се радува Тебе – својот Творец, и народите – овие каменити планини – се радуваат пред Твоето лице и Ти пеат, Господи, песна победничка.
Катавасија: Изворите на бездната станаа безводни; се откри дното на морето разбранувано од бурата, зашто си му наредил со заповед; Господи, си го спасил избраниот народ, кој Ти пее песна победничка.
Песна 3
Ирмос: Израилскиот народ се напи од тврдиот камен од кој, по Твоја заповед, потече вода: а каменот и животот си Ти, Христе, на кој се утврди Црквата која вика: Осана, благословен е Оној што доаѓа.
На Твоја заповед, адот со треперење го испушти од мртвите четиридневниот мртовец Лазар, зошто Ти си воскресение и живот, Христе, на Кој се утврди Црквата која вика: Осана, благословен си Ти, кој доаѓаш.
Луѓе во Сион, запејте Му на Бога како што прилега и молитва принесете Му на Христа во Ерусалим, Кој доаѓа во славата на Својата власт, зашто во Него се утврди Црквата, која вика: Осана, благословен си, Кој доаѓаш.
Ипакој, глас 6. Откако најнапред Те фалеше со гранчиња, неблагодарниот народ подоцна Те пречека со крстот; ние, пак, чија вера е неизменлива, Те почитуваме како добротвор, Господи, и непрестајно Ти пееме: Благословен е Оној што доаѓа, за да го избави од гробот Адама.
Песна 4
Ирмос: Христос Кој доаѓа е сигурно нашиот Бог; ќе дојде и нема да задоцни, од шумата на осенчената гора, - Девојка која раѓа без да искуси брак, како што во она време рече пророкот: затоа и сите пееме: Слава на Твојата сила, Господи.
Горите и бреговите нека точат масло на радост и шумските дрвја нека заиграат. Фалете Го Христа, народи, и Нему радувајќи се, сите луѓе повикајте: Слава на Твојата сила, Господи.
Господ, Кој царува со вековите, ќе дојде облечен во сила; неспоредлива е Неговата красота и слава во Сион, затоа сите викаме: Слава на Твојата сила, Господи.
Дојде Господ, Кој со педа го измери небото, а со раката – земјата, зашто го избра Сион, бидејќи во него благоволи да живее и ги возљуби луѓето кои верно викаат: Слава на Твојата сила, Господи.
Песна 5
Ирмос: Искачи се на гората Сион за да благовестиш и да му проповедаш на Ерусалим: крени го гласот за да ја објавиш славата што му припаѓа на градот Божји: Мир на Израил и спасение на народите.
Бог, Кој во висините седи на херувимите и гледа на смирените, Тој доаѓа во слава со сила и сѐ ќе исполни со Неговата божествена слава. Мир на Израил и спасение на незнабожците.
Сионе Божји, Горо света, и Ерусалиме, погледај околу тебе и види ги собраните чеда твои во тебе, зашто дојдоа од далеку, да Му се поклонат на Царот твој: Мир на Израил и спасение на незнабожците.
Песна 6
Ирмос: Душите на праведните извикаа со радост: Сега на светот му се дава Нов завет, та луѓето да се обноват преку попрскување со Божјата крв.
Прими го, Израилу, Царството Божјо, и оние што седат во темнина, нека видат голема светлина, и луѓето нека се обноват со попрскување со крвта божествена.
Отпушти ги своите заробеници, Сионе, и од безводниот ров на незнаењето изведи ги, и луѓето нека се обноват со попрскување со крвта божествена.
Кондак, самогласен, глас 6: На небесата носен на престолот, а на земјата - на осле, Христе Боже, си ја примил похвалата од ангелите и песната од децата, кои Ти викаат: Благословен си Ти, Кој доаѓаш да го повикаш Адама.
Икос: Бидејќи си го врзал адот, Бесмртен, и смртта си ја умртвил и светот си го воскреснал, децата Те фалеа како победител со гранчиња, Христе, викајќи Ти денес: Осана на Синот Давидов: никогаш повеќе нема да бидат заклани дечиња, за Детето на Марија. Но за сите дечиња и старци, Ти единствен се распнуваш. Против нас никогаш повеќе нема да биде вперен меч, зашто Твоите ребра ќе се прободат со копје. Затоа, радувајќи се, говориме: Благословен е Оној што доаѓа да го повика Адама.

TViTer178
Синаксар
Стихови:
Словото Божјо, Кое ги покрива небесата,
Седнат на бесловесно осле, доаѓа да ги ослободи луѓето од бесловесноста.
Во овој ден го празнуваме славниот и пресветол празник Цветници (Врбица) од следнава причина: По воскресението на Лазара од мртвите, мнозина од оние што го видоа овој настан поверуваа во Христа, поради што Јудејскиот суд реши да го убие Христа, како и Лазара. Исус се повлече, оставајќи му место на злото. Евреите пак планираа да Го убијат на празникот Пасха. Тоа Му даде доста време да се задржи подалеку. Шест дена пред Пасха, како што е напишано, дојде Исус во Витанија, каде што беше умрениот Лазар (кого што го воскресна). Кога беа на трпеза, со него седеше и Лазар. За тоа време неговата сестра Марија излеваше миро на нозете Христови. Утредента, Исус ги испрати Своите ученици да приведат ослица со мало осле. И Оној што за престол го има небото, седнат на осле, влегува во Ерусалим. Децата, пак, еврејски, пред Него ги постилаа своите облеки и палмови гранки, а некои носеа и во рацете и Го поздравуваа, викајќи: Осана на Синот Давидов; благословен е Кој иде во името Господово, Царот Израилев. Всушност, тие (децата), научени од Светиот Дух, тоа го правеа во слава и чест на Христа, зашто на тој начин тие ја најавуваа Христовата победа над смртта со маслиновите гранчиња. Имено, кај Евреите имаше обичај победителите да бидат пречекувани и прославувани со палмови (врбови) гранчиња. Овде ослето нè претставува нас луѓето од незнабоштвото, на кое Христос седнува и отпочинува како победител, Кој се нарече Цар на сета земја. За овој празник зборуваше и пророк Захарија: „Ликувај од радост, ќерко Сионова! Ете, Царот твој доаѓа при тебе, кроток, седнат на осле, рожба на ослица” (9,9). А и (пророк) Давид вели за децата: „Од устите на младенците и на доенчињата си си направил похвала.” Но, кога Христос влегуваше, сиот Ерусалим се потресе, како што е речено, и првосвештениците, поттикнувајќи го народот на револт, планираа да Го убијат. А Тој, криејќи се, се таеше; а кога ќе се покажеше, им зборуваше во параболи. Со Твоето неискажливо милосрдие, Христе Боже наш, направи нè и нас победители на бесловесните страсти и на Твојата светла победа на смртта! Удостој нè да го видиме и Твоето живоносно воскресение, и помилувај нè, сега и секогаш и во сите векови. Амин. (Види: Јован 12,1-18)
Песна 7
Ирмос: Ти, Кој ги спаси од огнот Авраамовите момчиња, а ги уби Халдеите кои правдата праведно ги казни: највоспеан Господи, Боже на нашите татковци, благословен си.
Луѓето, поклонувајќи се, и со учениците радувајќи се, со гранчиња Му викаа: Осана – на Синот Давидов: Највоспеан Господи, Боже на татковците, благословен си.
Мноштвото незлобиви дечиња, богодолично Те воспеа, Цару израилски и ангелски: Највоспеан Господи, Боже на татковците, благословен си.
Мноштвото народ Те поздравуваше со гранчиња, Христе, и викаше: Благословен е Кој дојде, Царот на вековите! Највоспеан Господи, Боже на татковците, благословен си.
Песна 8
Ирмос: Весели се, Ерусалиме, торжествувајте вие кои го љубите Сион, оти дојде силниот Господ, Кој царува во вековите: нека се поклони сета земја пред лицето Негово и нека пее: Сите дела на Господа, блгословувајте Го Господа.
Сионе, Царот Твој Христос влегува во тебе, седнат на младо осле, за да ја разруши безумната измама идолска и да ги запре невоздржаните стремежи на сите народи, за да пеат: Сите дела (Господови), пејте Му на Господа.
Радувај се многу, Сионе, зашто Христос – твојот Бог, се зацари во вековите. Он е, како што е напишано, кроткиот и праведен наш Избавител, Кој спасува, зашто дојде на осле, за да ја убие коњската свирепост на непријателите, кои не викаат: Сите дела на Господа, благословете Го Господа.
Законорестапното збиралиште на непокорните е отстрането од божествениот утврден град, бидејќи домот Божји за молитва, го претворија во пештера разбојничка, откако Го исфрлија од срцето Избавителот, Кому пееме: Сите дела на Господа, благословете Го Господа.
Почесна од херувимите: не пееме.
Песна 9
Ирмос: Бог е Господ и Он ни се јави; прославете го овој празник и, веселејќи се, дојдете да Го возвеличиме Христа, со палмови и врбови гранчиња, со песни викајќи: Благословен е Оној што доаѓа во името на Господа – Нашиот Спасител.
Народи зошто се буните? Книжници и свештеници, зошто е ова празно роптаење, кога велите: Кој е Тој што децата Му носат палмови гранчиња, кои со песни викаат: Благословен е Оној што доаѓа во името на Господа, нашиот Спасител.
Овој е нашиот Бог, Кому никој не Му е сличен. Откако го најде патот праведен, му го даде на Својот возљубен Израил. Потоа, откако се јави, со луѓето поживеа: Благословен е Оној што доаѓа во името на Господа, нашиот Спасител.
Зошто вие бунтовници поставивте толку пречки на патот на спасението? Вашите нозе се брзи да ја пролеат крвта на Господа! Но Тој сигурно ќе воскресне за да ги спаси оние што викаа: Благословен е Оној што доаѓа во името на Господа, нашиот Спасител.
Светилен не се пее, туку само: Свет е Господ, нашиот Бог: (3-пати).
Хвалитни стиири на 6, повторувајќи две, самогласни, глас 4.
Мноштво народ, Господи, по патот ја постилаше својата облека; други, пак, кинеа гранки од дрвја и ги носеа; оние што одеа пред Тебе и по Тебе, викаа говорејќи: Осана на Синот Давидов, благословен е Оној што дошол и пак доаѓа во името на Господа.
Кога сакаше да влезеш во Светиот град, Господи, луѓето носеа гранчиња од дрвја, воспевајќи Те Тебе, Господару на сите, и гледајќи Те како седиш на осле, како на престол херувимски; поради ова пееја вака: Осана во висините, благословен е Оној што дошол и пак доаѓа во името на Господа.
Излезете народи, излезете луѓе, и видете Го денес Царот Небесен, како влегува во Ерусалим на грдо осле, како на возвишен престол: роде јудејски неверен и прељубодеен, пријди и види Го Господа, за Кого пророк Исаија предвиде дека заради нас ќе дојде во тело; ете го Младоженецот на новиот Сион, и за Неговата чиста и непорочна свадба, мноштвото нивни деца се собраа фалејќи Го; со нив и ние да ја запееме ангелската песна: Слава во висините, на Оној што има милост голема.
За да ја утврдиш верата во Општото воскресение, Христе Боже наш, пред Твоето доброволно страдање, во Витанија си го воскреснал од мртвите четвородневниот Лазар со Твојата сила, а на слепите си им го вратил видот, Спасе, дарителу на Светлина, и со Твоите ученици си влегол во Светиот град, седејќи на младо осле, носен како од херувими, исполнувајќи ги пророчките претскажувања, а децата еврејски со гранчиња Те пресретнуваа; затоа и ние, носејќи врбови и маслинови гранчиња, благодарствено Ти пееме: Осана во висините, благословен е Оној што доаѓа во името на Господа.
Слава, и сега: Шест дена пред Пасха, дојде Исус во Витанија, и пристапија кон Него учениците Негови, велејќи Му: Господи, каде сакаш да приготвиме да ја јадеш пасхата? Он ги испрати велејќи им: Одете во најблиското село и ќе најдете човек кој носи стомна со вода, одете по него и речете му на домаќинот: Учителот вели: „Кај тебе ќе ја прославам Пасхата со Моите ученици“.
Славословие големо. И тропар, глас 1:
Христе Боже, утврдувајќи ја верата во општото воскресение, пред Твоето страдање го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и ние, како децата носејќи знаци на победа, Ти пееме Тебе, Победителу на смртта: Осана во висините! Благословен е Оној што доаѓа во името на Господа.

 

Извор. ПОСЕН ТРИОД

Подгови: Т.С.

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3220
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7713
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная