Избрани поуки од свети Климент Охридски
Само Он е единствен Творец на сѐ – видливото и невидливото. Ние говориме за таа светлина, која е во Отецот и Синот и Светиот Дух. Нивното Божество е во три Ипостаси, и во едното сјаење на светлоста. Ние имаме еден Бог Отец, од Кого е сѐ, и еден Господ Исус Христос, преку Кого е сѐ, и еден Дух Свет, во Кого е сѐ.