логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

 

 

 


Отец Жарко Ѓорѓиевски: Верата во Бога е духовно издигнување, прозор во светот на вечноста, во светот на бескрајноста и вечните вредности. Оној што верува во Бога ги проширува своите видици, се надминува себеси, духовно расте и е над сите материјални критериуми од овој свет. Неверникот, пак, се повлекува во себе, го стеснува своето битие и се затвора во светот на материјата и материјалното, а животот му поминува во стегање и грч. Од друга страна, пак, верникот, со својата вера е отворен кон натприродниот свет, Му се доверува на Бога, својата сила ја црпи од Него и ја влева својата личност во бескрајната и безгранична Личност Божја. Верата во Бога, всушност го воспоставува нашиот однос кон Него, ги разрешува тајните на нашето битие, ја одредува содржината на нашиот земен живот, а со тоа и вечните тајни на задгробниот живот. Кога верата е таа што го движи човекот, тогаш тој не се плаши од бури, прогони, страдања, искушенија, мачења, човечка злоба, закани, затоа што има стравопочит кон Бога.
Денес, за жал, човекот едноставно е принуден да живее во страв, сомнеж, скепса и постојана негација, да талка по темнина. Современиот човек се наоѓа во своевиден вакуум, во безвоздушен простор исполнет со празнина, демонизам, агресивна деструкција и потполна животна анархија, без сонце кое секогаш ќе грее, опколен веќе не со луѓе, туку со креатури кои почнале да наликуваат на ѕверови, принуден да живее без принципи, без чувство за вистина и светост и да ја трпи безнадежноста на ваквиот живот.

 


Затоа, само верата е таа која сведочи дека Бог постои, а штом е така, тогаш имаме ред во нашиот дух, во нашиот живот и го гледаме величието на светот и човекот. Мора да одиме со Бога, зашто ако одиме без Него сигурно ќе дојдеме до пречка преку која, без Бога, не можеме да поминеме; ќе одиме до раскрсница и без Бога нема да знаеме по кој пат треба да продолжиме. Тежок е патот без Бога; тежок е денот без Него; тежок е животот без Него, а уште потешка е смртта кога Он не е со нас.
Најголема богатства сега би било: да ни даде Бог разум за се што ѕидаме врз верата во Него да ѕидаме, оти верата е наша храброст во ѕидањето и светлина во патувањето; да бидеме достојни работници во големата работилница Негова, за да бидеме достојни да се наречеме синови Негови и достојни гости на богатата трпеза Негова.


Наша задача е, градејќи го сопственото спасение, да Ја сочуваме чиста и непорочна православната вера. Токму поради• тоа, на сето досега кажано се надоврзува прашањето: "Но, Синот Човечки, кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата?" (Лк. 18, 8) Секако дека следбениците Христови ќе бидат сочувани од пропаст, но само оние кои ќе ги издржат искушенијата од последните времиња. Само оние, чија што вера поминала низ оганот на искушенијата и заблескала како злато со сета своја чистота и искреност, ќе го најдат своето место до престолот на живиот Бог. Свети Исак Сирин вели: "Во искушенијата, во оние часови на големи душевни бури, ни се чини дека сите не напуштиле и нема надеж на спасение од никаде." Страшниот Суд за праведниците нема да биде страшен; тие со радост Го чекаат Синот Божји да дојде повторно, но овој пат како Судија, и радосно воскликнуваат:"Да дојди, Господи Исусе!" (Откр. 22, 20)

Амин.

Zare.sv.Marija.Ma

 Zare.sv.Marija.Ma1



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

,,Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

« »

Православен календар

 

14/06/2026 - недела

Петровденски пости; (на риба)

Преп. Јустин Ќелиски; Св. маченик Јустин Философ; Св. маченици Јустин, Харитон, Харита, Евелпист, Еракс, Пеон, Валеријан и Јуст; Преп. Агапит Печерски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная