Спомен на рамноапостолниот татко на словенското монаштво
Малкумина се оние што од опит ги разбрале овие Божествени зборови, и навистина ретки се оние што во полнота ги доживеале. Еден од овие ретки тајници на Божјата благодат е и преподобниот Наум, Чудотворецот од Охрид, кроткиот и тивок проповедник на Евангелието Христово, татко на словенското општежитие, образ на монасите, утеха на тажните, мудрост на неразумните, закрилник за родот наш словенски.