Ретроспектива (2005-2020): Преподобен Варсануфиј Оптински
Отстранувањето на помислите не е во ваша моќ, но да не се прифаќаат – е: отстрани ги со Исусовото име. Ако молитвата понекогаш е невнимателна, расеана, не треба да се паѓа со духот. За време на молитвата нашите усти се осветуваат со името на Господ Исус Христос. Постојано бидете со Исусовата молитва: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот“.