логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ПРЕТПОСТАВКИ ЗА РАДОСТА ВО БРАКОТ
Автор: Митрополит Павел Сисанијски


TVIT1188

Ќе изложам некои размисли за темата, која го допира семејството, Црквата и врската меѓу нив. Но, ајде да започнеме малку поразлично. Набљудувајќи ги со години луѓето, се обидувам да го разберам нивното однесување. Набљудувам конкретни луѓе, со конкретни поведенија и многу пати се изненадувам од тие поведенија и се прашувам: колку реално знаеме што сакаме во нашиот живот? Како ние самите го толкуваме нашето однесување? Како многу пати се случува да го разрушуваме нашиот живот со нашите сопствени раце?
                  Како многу пати се случува тоа, за кое што некогаш сме мечтаеле, сами да го разрушиме? Исто така, го забележувам лекомислието, со кое многу луѓе постапуваат во животот, без да се замислат, загрижат и да се вложат срдечно, кои оставаат нештата во животот да се одвиваат сами од себе и кои се познаваат добро себе си! Од друга страна, ги гледаме резултатите и конкретните состојби, размислуваме, понекогаш се изненадуваме но, всушност ништо не станува без да сме го подготвиле, ништо не станува без нашата одговорност.Ништо изненадно и неочекувано не постои. Неочекувани сме ние самите многупати, со нашето однесување. Но, да започнеме од почеток.
Семејството. Да земеме како почеток едно ново семејство. Еден нов почеток. Двајца млади се решаваат да се земат. Многу пати оттука започнуваат прашања, кои не паѓаат од небото. Тоа се прашања, кои се раѓаат од поведението и односите на оние, кои тргнале да прават нешто ново во својот живот. Едно такво прашање е – колку знаеме што сакаме. Сакаме да создадеме семејство. Но, добро, што тоа означува? Дали сме размислувале за тоа, дали сме го разгледале, дали сме разбрале колку треба да се подготвиме за тоа? Оти често пати велиме, дека сакаме да создадеме семејство но, начинот, на кој што мислиме, поведението, кое го следиме, врската која постои меѓу оние, кои утре ќе создадат семејство, те тера да се прашаш: дали тие млади луѓе знаат што тргнале да прават? Имаат ли сознание, што преземаат?
                    Едно друго прашње, кое што се појавува е колку сме подготвени за тоа? Што означува да си подготвен? Што денес вообичаено подразбираме под подготовка? Тоа означува младите да имаат свој дом, каде што ќе живеат, да имаат работа и воопшто ја имаме предвид материјалната основа, материјалната претпоставка. Но, дали тоа е подготовката? Ако тоа е подготовката, тогаш во секој нов и убав дом би требало да живее едно благословено и радосно семејство. Но, обично се случува обратното. Во убави и нови домови постои ропот, и тоа од многу рано. Постои дисхармонија, постои напрегнатост, постои конфликт и многу пати многу рано настапува развод. Но, што означува двајца млади луѓе да се земат и по неколку денови или години, не премногу, да си го разрушат бракот?
                        Наједноставното нешто, што тоа го означува е, дека не биле подготвени за нивниот брак, не сфатиле за што се зафатиле, најверојатно имале лажно разбирање и претстава за она за што се зафаќаат. Исто така, едно друго прашање, кое се појавува е кои се критериумите, со кои луѓето се одлучуваат, прво за избор на лицето и второ за брак? Со какви криериуми го прави секој својот избор? Затоа што крахот на еден брак означува погрешен избор на критериуми, означува дека направивме грешка во сојот избор. Едниот аспект е тоа – постои и некој друг, дека сме неспособни да се понесеме правилно кон присуството на еден човек во нашиот живот. Се покажува, дека сме неспособни да се понесеме правилно кон една врска. И многу брзо не опфаќа паника, не обзема разочараност, настапува конфликт, невозможна е комуникацијката меѓу двајцата луѓе, кои до вчера изгледале среќни. Како и да погледаме – се работи за лекомислие – денес да изгледаш среќен, а утре да чувствуваш, дека со тој човек не можеш да живееш ниту една минута заедно.
                  Со какви критериуми преземаме решенија и го правиме нашиот избор во однос на бракот? Бидејќи реалноста на животот секојдневно ни покажува крах на тие критериуми. Во животот не постојат магични претстави. Во животот постојат луѓето, нивните избори, нивните решенија и кога севкупноста од нив е негативна, тоа значи дека параметрите кои претходеле биле негативни. Но, зошто ние нив не ги гледаме? Затоа што не се замисливме, затоа што не бевме спремни, затоа што веројатно не бевме зрели и резултатот го покажува тоа. Понекогаш дури кога на некои луѓе посочуваш некои нешта, на кои треба да внимаваат, тие со гордост и самоувереност ти одговараат, дека знаат што прават. А знаете ли што е најлошото? – што и после тоа фијаско тие повторно не знаат што сакаат, повторно не знаат што прават и никогаш не се замислуваат за степенот на нивната одговорност. Секогаш е другиот виновен. Никогаш ние. А тоа е незрелост, тоа е слабост.
Кога еднаш двајца млади луѓе дојдоа да ми кажат, дека ќе се женат, ги прашав колку се подготвени да умрат? Сигурно се сепнаа, среде таа атмосфера, среде радоста да говориш за смртта. Но, токму бракот, реалниот брак, е една смрт. Што значи да си подготвен да умреш? Тоа означува дека се способен да засакаш, затоа што љубовта е воскресение по смртта. А што умира? Егоизмот на човекот. А што воскреснува? Љубовта. Ако некој е спремен да се ожени но, не е спремен да умре, тогаш е добро да не се жени. Зошто? Имено затоа што треба да сфатиме и да се прашаме што сакаме од другиот? Дали сакаме просто еден сексуален партнер? Или сакаме некој, да ни ја мести трпезата и да ни ги пере алиштата? Можеби сакаме некаков слуга или слугинка? Бараме некој, кој со спремност ќе ни угодува? Просто не сме сериозни и тоа го покажува секојдневието. Бракот навистина е смрт, смрт на егоизмот, бидејќи љубовта е излегување од нашиот егоизам, од нашето јас. Тој е екстатично движење. Тоа во гледаме во љубовта на Бог кон човекот.
Еден од оците на Црквата кажува мошне карактеристично “Бог излегува од Себе си”, излегува од Својата божественост и се облекува во нашата човечка природа, живее во нашиот човечки свет, се придвижува кон нас и се движи со љубов. Он се движи, затоа што е љубов, се движи, затоа што сака да направи место покрај Себе. Ние впрочем се земаме многу пати и остануваме туѓи. Секој е затворен во себеси, има само претензии кон другиот и ако не сме спремни или ако другиот отстапи, тогаш настанува конфликт, кој докажува, дека не сме спремни да засакаме.
Колку сме подготвени да го примиме другиот? Колку сме подготвени да се распнеме ние, за да живее другиот? Преку Христовиот Крст дојде радост за целиот свет. Кога човекот се согласува да се распне, тогаш дава љубов на луѓето до него. А сум кажувал и друг пат, дека во нашиот живот имаме два избори – или ќе се распнеме себеси и ќе дадеме живот, радост и љубов – ќе ми кажете ќе дадеме и ќе земеме? Ќе го разгледаме тоа понатаму – или постојано ќе ги распнуваме другите. Ќе ги распнуваме другите со своите претензии, ќе ги распнуваме другите, затоа што нема да ги третираме како личности, ќе ги распнуваме другите, затоа што нема да ги почитуваме. Следствено, колку се способни да засакаме? Колку сме се подвизувале да научиме да засакаме? А тоа значи - колку сме се извежбале да живееме не за себеси, туку за другиот?
Многумина од луѓето трнуваат да се земат но, секојдневието покажува, дека не се подготвени за тоа што го започнуваат и токму тоа треба да ги натера да се замислат прво младите луѓе, кои се спремаат да се земат или веќе се зеле. Бидејќи животот на едниот заедно со другиот го открива карактерот на секој од нив. Гледате, човекот е релационо собитие, може да се разбере себеси само преку другиот. Сега пак, ние за кои се претпоставува, дека сме го засакале другиот, во кој сме се вљубиле, го чувстуваме како закана за нас и брзаме да се затвориме себеси, затоа што одеднаш другиот не е нашата радост, туку нашиот ад.
Бракот се смета за радосен настан, сам по себсе радосен но, и за настан, кој дава радост прво на тие кои се земаат, второ на нивните роднини, највеќе на нивните семејства и воопшто на пријателското опкружување. Прашањето е која е радоста во бракот? А тука има една работа, која постојано ја ниподоштуваме. Која е радоста на бракот? Излегувањето од мојата само тија, излегувам од мене самиот. Егоизмот го затвора човекот и многу пати го тера да остане самотен. На истиот начин радоста е способноста да го примам другиот во својот живот, оти кога се венчам, реално се откривам себеси, за да дојде некој друг човек во мојот живот. Прашањето е просто, нели? Бидејќи реалноста го покажува тоа едноставно нешто, дека не сме спремни да примиме некој друг во нашиот живот.
Ние го примаме во својот живот со претпоставка да биде нашта радост но, многу пати тој се претвора во нашиот ад. Прашање: дали другиот е виновен или секогаш е другиот е виновен? Или конечно јас испаѓа дека сум неспособен да го примам другиот во мојот сопствен живот? Се плашам, дека повеќето пати важи последното, дека јас не сум способен да примам некој во мојот живот. Не сум спремен да се одречам од себеси, да го споделам мојот живот.
Исто така радоста на бракот означува да бидам способен да донесам радост на другиот со моето присуство во неговиот сопствен живот. Кога можам да дадам радост на другиот? Тогаш кога самиот ја имам. Кога не ја давам, тоа значи, дека ја немам. Дали гледате дека има тајни аголчиња и чувствителни момнети, кои разоткриваат една реалност, која не ја познаваме или не сакаме да ја спознаеме. Радоста на бракот е исто така мојата способност да бидам радоста на другиот, со она што сум, со начинот, на кој се однесувам кон другиот.
Радоста на бракот е творештвото, бракот е творештво, многуобразно творештво, тоа е откривањето на творечката способност и возможност во мене, тоа е создавањето на врска и општење со другиот човек, кој влегува во мојот живот и мојот подвиг и е јас да станам негова радост и се разбира, содздавањето на еден нов живот. Тоа е доаѓањето на еден нов човек – детето, чиј што источник ќе биде љубовта меѓу двајца луѓе, затоа што детето е плод на љубовта. За жал многу деца се деца од нужност или случајно дојдени и колку и да изгледа чудно, тоа на таинствен начин ги прати тие деца на нивниот живот. Т.е. дали тие се плод на љубовта на нивните родители или на нужноста, на случајноста или дури на задолжението.
Дали впрочем разбравме што е радоста во бракот? Брачната радост не е нешто, што доаѓа од другиот, туку нешто, што извира од нас кои даруваме. Се разбира, некој ќе праша – ајде ќе дадам, но, дали и јас ќе земам? А одговорот е: земам, кога давам. Колку се убави зборовите на Христос “поблажено е да се дава, отколку да се зема” и тоа важи на сите рамништа. Оти во мигот во кој дава, земаш – ја примаш радста од општењето, ја примаш радоста, оти си дал радост. Тоа се природни нешта. Но, ако даваш и мислиш, дека се трошиш, тогаш си за жалење, тогаш ти си проблемот. Кога постојано им укажуваш на другите што им даваш, тоа е заболување, тоа е злочестие но, имено тоа злочестие го бичува животот на многу луѓе. Знаете ли сега, кога примаме радост?
Онолку колку што сум способен да дадам. Животот и радоста не влегуваат на терзијата на бакалот, колку даваш, колку земаш. Даваш се’ и примаш се’. Не даваш ништо но, тогаш дури другиот и се’ да ти даде, ти повторно не разбираш ништо. Тоа е реалноста. Животот кој не се споделува е загубен и умрен живот. Животот, кој не се споделува со љубоив и од кој не извира радост од тоа споделување, е ништожен живот. Радоста е радост, кога се подарува. Радоста, кога не доаѓа сама од себеси, не е радост. Изворот на радоста на радосниот човек не се наоѓа надвор од него, туку во него но, кога самиот јас не сум извор на радост, тоа значи, дека сум мртов и ништо не чувствувам.
И што тогаш? Другиот не може никогаш да стане моја радост, затоа што не можам да ја почувствуам неговата љубов, желба, радостта, која ми ја дарува. Затоа што го сметам за опасен, затоа што и дура кога ми дава и ми дава искрено, јас мислам на тоа што ќе ми побара. Тоа всушност значи, дека сум болен. Дали сте помислиле колку брачни двојки се измачуваат токму од оваа болест?
Тоа е природната состојба на денешниот човек. Тоа ја означува радоста на бракот. Ако човекот е природен, тој ја живее радоста, зрачи со радост, прима радост, го споделува својот живот. Тоа впрочем не е нешто статично и пасивно, туку нешто динамично и затоа е живот, затоа што се движи, затоа што расне, затоа што се култивира, затоа што, кога се намалува, може да го спечалиш повотрно во борбата и да се исполниш. Тоа е таа борба на убавината и слободата. За слободата од нашите страсти, од нашиот егоизам, кој е нашата најголема страст, слободата од ропството на егото, кое е имено вистинската смрт.
Toa e и таа борба за убавината, убавината, која извира од способноста за комуникација, од љубовта, од радоста, од животот, од животот во радост среде секакви тешкотии, како што кажува светиот апостол Павел “се радувам во своите страданија”. Тој знаел што зборува, затоа што, кога страданието и тагата стануваат извор на радост, тогаш човекот реално живее. Следствено тоа е борба за убавината и слбодата.
Бракот е врска за двајца, да го паметиме тоа. Христос ни кажува да ги љубиме дури и своите врагови но, не ни вели да се земаме со нив. Затоа што љубовта во бракот е единствената љубов, кога претполага взаемен однос. Она, што го кажавме претходно за природата на човекот, ги засега и двајцата но, и секого поеднинечно. Секој од двајцата треба да биде сето тоа, така да ја живее радоста на бракот, да има такво зрачење, да го прима присуството на другиот во својот живот. Не е доволно да ја имаме половината и да ја бараме половината од другиот, а секој од нас треба да е исполнет.
Па се поставува едно прашање: каде да го најдеме тој човек? Првиот одговор е: доколку сме ние такви луѓе, оттаму тргнуваме, затоа што, ако не сме такви луѓе, нема да го најдеме другиот човек. А доколку го најдеме, нема да го разбереме и ќе остане напразно неговотo присуство во нашиот живот. Следствено, за да го најдеме тој човек, како што претходно опишавме, треба да сме и или да станеме такви луѓе, затоа што тогаш и само тогаш можеме да го оцениме тоа, што претставува другиот. Човекот, кој не е слободен, не може да ја разбере слободата на другиот и да му ја наложи својата својата волја.
Со цел да направиме уште еден чекор, ќе запрашаме каде да го бараме тој човек и со какви критериуми? Многу пати тој е до нас и најверојатно не го гледаме, затао што сме слепи. Затоа повторно се враќаме на прашањето каде да го бараме но, и дали сме способни да го најдеме. Исто така има значење, колку сериозно се замислуваме, што гледаме во другиот, какви црти има и што би можел да задобие. Затоа што има луѓе, кои можат да се развијат, можеш да го видиш тоа во нивниот карактер. Можби се наоѓаат на некоја почетна точка но, имаат отвореност, за да стигнат до следната. Како можеме да го сфатиме тоа?
Прашањето е колку сериозно ќе го третираме нашето познанство и врска со другиот човек. Колку сериозно ќе разговараме. Несомнено постојат почетни критериуми, постои извесно привлекување, постои нешто. Тоа не е доволно, бидејќи тоа може дури да биде и заблуда. Затоа ако реално сакаме да направиме нешто со другиот, треба да поразговараме сериозно, да видиме кој е другиот, да се видиме себеси преку другиот и да се подговтвиме, со определени претпоставки, за да стигнеме до полнотата на таа врска. Кога пред бракот играме жмурки, кога се криеме од другиот, кога не ги обсудуваме нештата, подоцна ќе се изненадиме, но тогаш ќе биде доцна. Затоа се се научиме да ги бараме суштинските нешта.
Кажав нешто на почетокот и сакам кон тоа се навратам. Проблемот не започнува од другиот, туку од нас. Го поставивме прашањето каде ќе го најдеме тој човек и дадовме одговор – околку колку ние сме такви. Следствено, требa да го најдеме, затоа што, како што кажав, може да се наоѓа пред нас и да не го гледаме, туку да ја гледaме грешката или отклонувањето на човекот. Зошто сме неспособни да се откриме за другиот? Ајде да разгледаме уште еден чувствителен момент. За да разбереме дека животот не е идеја, туку живот. Човекот е реалционо собитие, тој е личност и зборот личност тоа го означува: релационо собитие.
Бидејќи човекот е таков по својата природа, релационо собитие, неговата неспособност да се открие за другиот означува духовна повреденост. Затоа што, ако не си способен да го примиш другиот, да се радуваш на присуството на другиот и го гледаш другиот како непријател, како противник, тоа значи, дека не си способен да се откриеш, следствено да го доживееш својот идентитет како личност, затоа што само тогаш можеш да го доживееш. Имено, овој битен момент покажува, дека проблемот ја допира нашата егзистенцијална состојба, начинот на нашето постоење.
Реалното откривање на животот пред еден човек, е исто што откривање пред Бог. Пред таа личност која е потполно реална, која доаѓа и влегува во општење со животот на секој од нас. Проблемот тука е радикален, ова не се идеи “јас верувам” – “јас не верувам”, туку говориме за самиот живот. Фактот, што религиозното чувство е на истата возраст со човечкиот род го открива фактот многу просто и многу јасно, дека Бoг е егизенцијален настан во животот на човекот. Кога тоа собитие отсусвува, човекот е повреден и ја чувствуваме таа повреда во нашиот живот. Затворањето на нашето его, негирањето, дека постои што било надвор од нас, само и само да се спасиме себеси, е бацил кој го заразува сиот наш живот.
Ако сметаме дека Бог е опасен за нашиот живот, тоа значи, дека сме болни, тоа значи, дека сме во проблем. Ако се плашиме од откривањето пред Бог, тоа покажува, дека нашиот проблем е многу сериозен и многу тежок. Прашањето не е во тоа дали верувам или не верувам во Бог, туку во причината за откажување и ако го погледнеме проблемот на социјално рамниште, ќе востановиме дека во историјата, оние кои го отфрлиле Бог и војувале со Него го имале за мета човекот. Тука сакам да сопрам на Жан – Пол Сартр, на тој човек, кој некогаш ја објави смртта на Бог во име на човекот, “Господа доведете ми до мене и околу мене луѓе, кои ќе ми го сокриваат небото”. До каков заклучок стигнал Сартр?
До тоа, самиот тој да вели: “Го убив Бог, затоа што верував, дека ме одделуваше од другите луѓе.” Но, ете, бидејќи смртта на Бог го сторила тоа одделување неповратно, тој стигнал до неговиот впечатлив израз: другите се мојот ад. Тоа е повреденоста, за која што говорам. Од устата на еден виден философ, на еден човек, кој сведочи за својот опит. Затоа ако човекот не се открие на егзистенцијално рамниште за нешто, кое што го надминува и се наоѓа надвор од него и не е вистинит и реален како личност, тогаш ќе биде јаден човек, ќе биде жален човек. Колку и да изгледа важен, ќе биде навреден човек.
Паднав во искушение да раскажам еден случај. Познавав еден млад човек, женет, на многу висока должност, на кој му се воодушевуваат семејството и неговите пријатели и можам да кажам, дека од првиот момент, кога го запознав, нешто се побуни во мене, имав многу длабоко чувство, дека е, да го кажам ли зборот? – некадарен, т.е. лажлив. Еден ден, еден познат човек, наш заеднички, ми се обрати на телефон, за да ми каже, дека тој човек се разведува, затао што се сплеткал со многу помлада жена со него. Но, не е во тоа проблемот, туку во жестокоста, со која што се понел кон семејството и дури кон своите деца.

Потполно сум сигурен, дека не ја засакал и втората сопруга и не ја љуби. Просто таа му ласка на егоизмот. Не знам колку добро изгледа но, знам, дека воопшто не е добро. Конечно, за жал знам, дека постојат многу такви луѓе. Но, тие тешки состојби ги покажуваат вистинските квалитети, колку и да се трудиме да ствараме бука, а бука создаваат само оние, кои немаат содржина. Затоа е потребно внимание, кога се поставува почеток на едно семејство.

 

линк до источникот: https://pravoslaven-sviat.org/2019/02/26/predpostawki-za-radostta/
Преведе од бугарски: М.Б.

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3214
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7701
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная