Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: „Како христијани сме повикани денес да бидеме сведоци Христови“
И ние, кои го носиме името христијани, кои живееме со верата на мачениците – сме сведоци за Христа. Некои, можеби, со право, ќе се запрашаат – па како можеме ние денес да сведочиме, и како можеме воопшто, да бидеме сведоци Христови? – Можеме! Можеме и треба да бидеме сведоци за Христа. Но, ова наше време не бара да бидеме маченици, не бара да ги положиме своите животи за да сведочиме!