Храната на гробиштата имала чисто практична примена во време кога единствено гориво за превозното средство - двете нозе се калориите во храната. А, нашиот народ барем тогаш никого назад од каде и да дошол и се нашол не го праќале гладен. Денес, при модерни средства за патување "фестивалите" со храната се вишок што може и треба да се раздаде на тие што немаат во име на оние за кои си спомнуваме (како наша своевремена практика што треба да е).
Но, практичноста се губи во денешно време и се вели "така останало" или "да им се најде". Но, преминатите имаат потреба само од молитва произнесена од сите преку свештеникот придружена со свеќата, пченицата (или лебот) и виното, сеќавајќи се и на гробот за воскресението, Телото и Крвта Христови со кои треба да живееме во Литургијата сѐ додека Бог не ни го одредил часот за премин кон вечноста.
п.с. Бог да ги прости, а и мене што "тапам".