Божикно послание (03.01.2019)
Свети Јован Златоуст, објаснувајќи ги значењето и улогата на мирот, истакнува: „Мирот е мајка на сите добрини, темел на секоја радост и извор на секаков успех”. А ние ќе се покажеме како вистински христијани и миротворци – само ако мирот Божји владее во срцата наши и доколку градиме и го чуваме мирот, и во себе и околу нас. Таму каде што нема вистински мир со Бога, таму нема ни мир ни добра волја меѓу луѓето.