логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Јас ви кажав неколку зборови за смртта. Сега ќе ви кажам неколку зборови за совеста, бидејќи кој ја чува својата совест чиста, него смртта сигурно ќе го најде блажен и подготвен.

Совеста – е праведен судија, која Бог ја сместил внатре во нас. Совеста не може да биде одраз на материјата. Таа – е глас Божји во човекот, која постојано го укорува, кога тој греши: „Човеку, зошто го правиш тоа?“

Овој природен закон во човекот постои и кај Кинезите, и кај христијаните, и кај будистите, и кај брахманите, и кај муслиманите. Совеста е првиот закон, кој Бог го ставил во срцето на човекот при неговото создавање, и според овој закон светот живеел сè до појавувањето на пишаниот закон.

Еднаш ме запраша еден адвокат неверник:

Отче, јас не можам да се согласам со идејата за Страшниот Суд!

Која е причината поради која не се согласуваш брате?

Оче, како мене ќе ми суди Христос, ако јас на пример сум бил кинез, или да речеме било кој друг, кој не слушнал за Христа? Постојат луѓе, кои навистина немаат слушнато за Христа. Зарем Бог може несправедливо да суди? Он е праведен. Како Он ќе ми суди и ќе ме кара, ако јас не сум слушнал за Евангелието Христово?

Почекај малку! Ти умееш да правиш шеги, непријатности и многу други работи, а Светото Писмо сепак не го знаеш. Ти си рационалист, ти сè истражуваш до ситница, а самиот себеси се уништуваш, живеејќи како што ќе посакаш.

Постојат четири закони според кои Бог ќе и суди на сета земја. И никој не ќе може да и избега на Божјата справедливост, било да е тоа кинез, брахман, будист, христијанин, муслиманин или евреин, бидејќи Бог е праведен, како што говори апостолот: „Бог е праведен, а секој човек е лажливец“ (Рим. 3, 4).

Бидејќи Бог е праведен, Он ги востановил тие закони, за да ги суди сите според својата правда. Слушаш? Четири закони.

Првиот закон – е природниот закон, или законот на совеста. Според тој закон Бог го изобличил Каин, кога тој го убил својот брат Авел. Писмото говори, дека него толку силно го изобличувала совеста, така што тој паднал во очајание и му рекол на Господа: „Казната моја е толку голема, што не може да се носи. (1. Мој. 4, 13).

Тој паднал во очајание, заради тоа што го убил својот брат Авел, кој бил пастир; бидејќи Бог ја примил жртвата на неговиот брат, тој му позавидел, отишол во полето и го убил.

Законот на совеста му говорел: „Што направи? Ти го уби својот брат!“

И тогаш тој го слушнал Божјиот глас:

Каине, каде е твојот брат?

А тој, наместо да рече: „Боже згрешив“, – рекол: „Не знам; зар сум јас чувар на братот мој?”

А тогаш Бог му рекол: „Гласот на крвта од братот твој вика од земјата кон Мене“ (1. Moj. 4, 10). За тоа што го направи, Јас ќе те казнам со многубројни казни, а кој ќе те убие, седумпати ќе биде казнет!”

Каин поживеал повеќе од илјада години, како што е напишано во „Хронографот“ на монахот Георгиј Кедрин, и никој не го убивал, бидејќи сите се плашеле од клетвата, која му била изречена од Бога.

Какви биле многубројните казни, со кои Бог го казнил Каин? Казните се состоеле во голем очај, трепет и плач, од кој се слушал силен пискот; потоа страв, од кој бегал од едно место на друго, плашејќи се дека Бог ќе го види; потоа проклетство од земјата, за истата да не му ги дава своите плодови, како што е напишано во Светото Писмо, во книгата Битие, во четвртата глава.

Секој човек на земјата, кога прави зло, го изобличува совеста, која му говори: „Зошто го направи тоа? Совеста е првиот закон, даден на човекот од Бога, и тој се нарекува закон на совеста или природен закон“.

Вториот закон, како што објаснува Свети Григориј Ниски, секогаш се наоѓа пред нашите очи и постојано звучи од небесните височини, слично на труба, укажувајќи ни на Бога, Кој е закон на созданието.

Кој е создател на небото, земјата и на сè околу нас? Месечината, тревата, цвеќињата, рибите, морето, реките, воздухот, камењата, дрвата, горите и сите животни кои се движат по земјата, воздухот и водата? Браќа, кој е создателот на сето тоа? Кој ги создал часовите во вселената, кои се движат со голема точност и ништо не може да се спореди со нив? Никој друг, освен Единиот Бог. Бог е оној кој управува со овој свет!

Тој закон на созданието е она, за кое говори пророк Давид: „Небесата ја објавуваат славата на Бога, а за делата на рацете Негови известува сводот небески“ (Псал. 18, 1). Како ја објавуваат? Според својата структура и извонредно растојание; меѓуѕвездениот простор, чие растојание е – милијарди светлосни години; движењето со голема точност на небесните ѕвезди, зодијакот и планетите, ги восхитува умовите на најголемите астрономи во светот.

Што кажал големиот англиски физичар Исак Њутон, кој триесет години бил астроном, и кој на крајот го открил законот за гравитацијата, дека секоја планета го привлекува својот најмал сателит, не дозволувајќи му ни да се оддели, ни да се сруши или да се движи случајно во светот на небесните ѕвезди? Тој го оставил својот прибор на маса и рекол: „Велик си Ти Господи, и чудесни се твоите дела, и никој збор не е доволен, за да ги искаже твоите чудеса!“

Гледаш? Он, знаејќи ја надворешната наука, се доближил до стравот Божји, откривајќи ги големите чудеса во ѕвезденото небо. Што рекле Кеплер, Исак Њутон и другите, кои немам време сега да ги спомнувам, кога се обратиле кон Бога, гледајќи, дека Божјото создание на постои само по себе, туку дека има некој центар кој го движи со таква точност, која е способна да го порази секој ум?

И така, вториот закон, кои сите го имаме пред очи, – е законот на созданието. Бидејќи преку природното созерцание, ние се подигаме од разумната основа на нештата кон нивниот Создател.

Ако видиш кораб, тогаш треба да знаеш, дека истиот има свој творец кој го изградил; ако видиш убава облека на некој човек, тогаш знај дека истата ја создал добар кројач. Ако видиш дворец со убава архитектонска структура, тогаш знај дека истиот го изградил мудар архитект. Ако видиш часовник, тогаш, несомнено знај дека постои и искусен часовничар, кој истиот го направил. Што и да видиш, ти не можеш да речеш, дека истото произлегло само од себе.

И така, сето ова нам ни укажува на тоа, дека постои Творец, а ако Он постои, тогаш ние треба да се плашиме од Него и да му се покоруваме, за Он да не нè казни со својата справедливост.

Третиот закон – е запишаниет закон, даден од Бога на Мојсеја на гората Сион. Тоа се Десетте Божји Заповеди  и целиот Стар Завет, според кој Бог ќе го суди избраниот народ т.е. евреите.

Четвртиот и последен закон е законот на Благодатта, законот на совршенството, законот на љубовта на Спасителот Христос т.е. Светото Евангелие. Според тој закон ќе бидат судени сите христијани, крстени во името на Пресвета Троица.

Првиот закон е природниот закон, кој е општ за сите народи до крајот на светот. Вториот, законот на созданието, е подобен на првиот. Според првиот и вториот закон ќе бидат судени сите народи во светот, освен христијаните и евреите. Според законот на Писмото т.е. според Стариот Завет, ќе бидат судени евреите. А според законот на Благодатта и Евангелието ќе бидеме судени ние, христијаните, бидејќи нашиот закон е посовршен од останатите закони. Ако ние него го нарушиме, тогаш ние правиме голем грев и нас не очекуваат поголеми маки, отколку оние кои не дознале за Евангелието.

Значи, Бог ни дал назначување кое е слично на адвокат. Браќа, да не се лажеме и да говориме, дека Бог не ги знае нашите постапки и дела. Ти не можеш да говориш дека немаш грев, оти  не си знаел, бидејќи си бил Kинез, Турчин или атеист.

Да речеме и да си бил многубожец, сепак во себе имаш совест, и според нејзиниот закон Бог ќе ти суди. Ти си го видел созданието – и ни еднаш не си се запрашал, кој го создал небото, сонцето, земјата и сè наоколу, за потоа да размислиш и да почнеш да се плашиш од Бога, Кој создал сè. Амин!

Архимандрит Клеопа (Илие)

Извор: https://pravoslavie.ru

http://www.pppe.mk/2018/chetirite-zakoni-spored-koi-hristos-ke-mu-sudi-na-svetot/

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная