„Кога силите Те гледаа, како измамник клеветен од беззакониците, Христе, трепереа од неискажливото Твое долготрпение, но кога гробниот камен беше запечатен од рацете на оние што Ти ги прободоа ребрата, радувајќи му се на нашето спасение, тие Ти викаа: Слава му на Твоето снисходење, Човекољупче!“ (стиховна стихира на вечерна на Велики Петок)
Утрена богослужба со читање на 12-те страдални Евангелија, на која чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан во сослужение на свештенството од Соборниот храм, во Скопје. Во текот на утрената богослужба, на средината на храмот беше изнесен Крстот со Распнатиот Христос.
– Нема ништо поопасно од тоа да не се љуби и да не бидеш љубен. Тука, секако, пред сѐ, мислам на оној љубовен однос помеѓу Бог и човекот, без кој нашето постоење нема никаква смисла. Светите отци велат дека љубовта го изгонува стравот и дека совршената љубов не знае за страв. Од друга страна, пак, стравот Божји во подвижничкиот живот означува почеток во восовршувањето во љубовта. Очигледно, за љубов, по сѐ што слушнав и прочитав деновиве, ние не можеме да зборуваме. Но тоа и не е толку страшно, бидејќи за љубов зборуваат совршените.
На прашањето дали според научниците не може а да не постои проблем со причестувањето, односно не е можно да не се пренесе зараза преку Светата Причест, отец Николај одговара: „Се разбира, и добро велат... како што велеа некогаш дека Лазар умрел и засекогаш ќе остане мртов... како што велеа за слепиот дека никогаш нема да види светлина... Бог може сето тоа да го преобрази. И на лично ниво секој од нас може да раскаже за такви чуда. И јас можам, и ќе ги опишам еден ден во мојата биографија“.
Од утрово рано на Четвртокот Велики, кога нашиот Спасител тргна голготски до крај да се смири, но и да посведочи дека иако ќе биде оставен од сите, Он нас ни простува и до крај нѐ милува, затоа што спасение ќе излезе од гробот кадешто слезе Вистината.
Од утрово кога целиот свет го фаќа паника, а особено кога нозете на многумина се укотвени како во зандана, карантини, забрана за движење и.т.н. ги повикуваме не само оние кои претходно мир од Бога барале за раните кои до нив стигнале заради телесна немоќ и болести,
Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и прогонат и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови лажно – заради Мене!
Гледајќи Те распнуван, Христе, сета твар трепереше, темелите на земјата се тресеа, светилата се скриваа, и црковната завеса се раздра, горите затреперија, и камењата се распаднаа, а верниот разбојник вика со нас: Спасителе, спомни си за нас во Царството Твое.
Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата!
Што беше, беше, и што се кажа се кажа, или се направи, сега останува смирено и со трпение да земеме учество во крстот Христов Кој претрпи за нас страдања и крсна смрт, за да земеме учество во радоста на Неговото Воскресение што ни отвори пат и за наше воскресение. Ако не покажеме смиреност и трпение, и воскресенска радост ништо од нашиот подвиг. Да не заборавиме дека христијаните ја преобразија Римската империја не со сила и бунт,
Ако имате деца дома и им е досадно, еве одлична активност да ја поттикнеме нивната креативност.
И покрај тоа што сме затворени за време на пандемијата COVID-19, Националната галерија ја продолжува својата мисија да во доменот на едукацијата - овој пат со охрабрување на сите деца кои треба да направат уметнички дела, со кои ќе им се заблагодарат на хероите на нашата заедница.
Оној кој Го љуби Христа секако и Го подражава според своите сили. Значи, Христос не престана да им чини добро на луѓето и кога изостана нивната благодарност, и кога Го навредуваа беше долготрпелив. И кога Го биеја, и кога Го убија претрпе, никому не мислејќи му зло. Тие три нешта се делата на љубовта кон ближниот, без кои оној што вели дека Го љуби Христа или се надева дека ќе го наследи Неговото Царство, се мами.
Насловот личи на револуционерниот повик „Смрт на фашизмот, слобода на народот“, ама далеку е од револуција: насловот е само надеж, пред Велигден.
Сите очекуваат да прекине оваа пандемија со смртоносниот вирус. Сите знаат дека светската економија е крахирана. Сите знаат дека прекуноќ капитализмот се претвори во КАПИТУЛИЗАМ, во сопствена капитулација. Сите веќе знаат дека и банкоматот, тотемот на потрошувачкото општество,
Ова ново издание на „Молитвеникот“, освен досегашните молитви, дополнет е со акатистите „Слава на Бога за сѐ“ и кон Ангелот чувар, и повеќе молитви кон повеќе светители и за разни потреби. Тука се и молитвите кон светителите чии имиња ги носиме и оние кои ги славиме како домашни слави - домашни закрилници. Новото издание може да се најде во сите храмови на Повардарската епархија или да се порача директно од издаваштвото на Повардарската епархија на тел. 043 221 231.
„... За кратко време кај нас се појави оваа болест; за нив (незнабожците) тоа беше најлошата од сите ужасни работи, најсуровата несреќа, и како што вели нивниот писател, состојба што никој не можел да ја очекува. За нас, не беше така, како и во многу други случаи Господ нè испитуваше и нè смируваше. Болеста не нè одмина, но најмногу пострадаа незнабожците.Многу наши браќа, поради изобилно милосрдие и братољубие, без да се жалат себе си, се поткрепуваа взаемно, без да се плашат, ги посетуваа болните,
Што да сториме за нашето спасение? Како да го обесмртиме нашето тело, да се ослободиме од власта на гревот и од власта на смртта? Тоа треба да биде наша грижа во секој миг,
а, истовремено посилна, понагласена.
Животот е толку краток, целта е толку висока, но, и толку многу оддалечена.-
Празникот на Христовото Воскресение нè потсетува да размислуваме за своите постапки и да се стремиме кон добродетелен живот. Па, кога би се навратиле повеќе на потребата од покајание и праведно живеење, ако не на денот на Христовото Воскресение, ако не на денот кој им дава смисла на човечкиот живот и на постоењето?
Па затоа, празнувајќи и споделувајќи ја радоста на Христовото воскресение, да исповедаме дека верата во воскресението е извор на слободата и на љубовта,
Христос се молеше за оние коишто Го распнуваа: “Оче, не им го земај ова за грев, тие не знаат што прават”. Архиѓаконот Стефан се молеше за оние што го засипуваа со камења, за Господ да не им го земе тоа за грев. И ние, ако сакаме да ја сочуваме благодатта, должни сме да се молиме за непријателите. Ако ти не го сожалуваш грешникот, којшто ќе се мачи во оганот, значи дека во тебе ја нема благодатта на Светиот Дух,
Се случи она што се нема случено од постанокот на светот: прекин на заедничка молитва во целиот свет...
Владетелите на светот сега отворено покажаа дека во себе го носат духот на антихрист.
Свети апостол Павле вели дека антихрист, „кој што се противи и се превознесува над сé, што се наречува Бог или светост, за да седне како бог во Божјиот храм, покажувајќи се дека е Бог“ /2. Сол. 2, 4/.
О, неизмерна е длабочината на Божјата добрина и долготрпение! Покрај сите зла кои се вршат, Бог трпи и не се одмаздува. Тоа се случува не оти не може да Го открие Својот гнев и да нe казни за секое зло веднаш, туку затоа што, како Татко, носи болка во срцето за Своите чеда, Го чека нивното вразумување и ја простира сe пошироко Својата милост, за преку неа да се посрамиме како блудниот син во туѓата земја и