Епископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и подобро „дело“ (1 Тим 3, 1) од тоа, да се служи на главната цел на Божјиот домострој ‒ спасението на луѓето, кои Божјата Промисла денес ги доверува на мојата грижа на моето тајноводство.
Затоа, мојот живот и надеж ги доверувам на човекољубивиот Господ Христос, и се молам Неговата благодат, што Тој ја испраќа во Таинството на хиротонијата, да дејствува во мене (Еф 3, 20), исцелувајќи ги моите слабости, дополнувајќи ги моите недостатоци
Навистина, како можеме да ја спроведеме во пракса оваа лаконска заповед? Зашто гревот нема самостојно битие, одделно од човекот којшто го извршува. Не може да постои кражба без конкретниот човек кој украл туѓ предмет или пари. Убиство постои само таму каде определен субјект прекинува туѓ живот. Лагата е невозможна без оној кој отстапува од вистината. Гревот без грешникот е како „сферичен коњ во вакуум“ – апстракција, којашто може да се постигне само со добро развиена имагинација.
Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги контролира и умот, и срцето, и душата, и телото на човекот. Прелеста може да се развие до илузија, како севкупна атмосфера во која човекот живее. Илузијата комплетно го одвојува својот роб од Божјата реалност и благодат.
Младоста е полна со грешки и гревови, полети и падови, но душата се уште не обраснала со груба и тврда кора, и после гревовите настапува искрено покајание, како крвави солзи кога ја мијат нечистотијата на гревот. Зрелата возраст е слична на лето. Тоа е време за работа на земјоделецот. Човек станува потрезвен и попретпазлив, но едни страсти се менуваат со други, пламеноста на младоста – со пресметливост, со грижи не толку за вечноста колку за утрешниот ден, како небото да станува подалеку, а земјата се повеќе се појавува од маглата.
На луѓето, одвоени од Бога со тројна преграда: природата, гревот и смртта, Господ им дал да Го поседуваат целосно и да се соединат со Него непосредно, со тоа што Он,
една по една ги отстранил сите пречки:
онаа на природата – преку Своето овоплотување;
онаа на гревот – преку Својата смрт;
онаа на смртта – преку Своето Воскресение.
Како добар пример за одредување на својата внатрешна духовна состојба и за откривање на своите гревови може да се земе
„Исповед" од свети Игнатиј Брјанчанинов, нешто изменета во склад со современите услови.
Јас многугрешниот (кажи го своето име) му ги исповедувам на Господа Бога и Спасителот наш Исус Христос и тебе, чесен оче, сите мои гревови и сите мои зли дела што сум ги направил во сите денови на мојот живот и што сум ги помислил до денес.
Да знаете, за повеќето разводи се одговорни мажите. Моралните извршители на разводот се мажите. Зошто? Затоа што мажот може да рече: „Жената ме изневери и се разведувам! Не ја сакам повеќе“, но моралниот извршител на неверството е тој, зашто не се обидува да разбере како размислува една жена и што бара од еден маж. Мажот е убеден дека е доволно да работи, да носи пари, да е чесен, сериозен, да нема други жени, да е доследен во своите должности. И особено
Во почетокот, во оние најрани денови кога дојде кај нас, Караман се плашеше и бегаше од се’ што личеше на стап во рацете на некој човек. Но, за кратко време, тој бргу сфати дека земен стап во рака, не значи ќотек во оваа куќа. Затоа без страв знаеше да се испружи врз расцутените цветни леи, во кои јас со љубов секоја пролет садев разнобојни цвеќиња ...
Факт е дека ако човек го чита Светото Писмо површно, ќе забележи една пристрасност во полза на мажите, така изгледа на прв поглед, но Светиот Апостол Павле јасно ни вели дека во Исуса Христа не постои ни машки ни женски, туку сите сме едно во Христа. Следствено, Христос ја брише таа разлика. Црквата верува и поучува за еднаквоста на половите, но како што вели Старец Пајсиј, Црквата донесе еднаквост, ама не израмни се. Таа не е булдожер кој што порамнува, туку гледа да ги запази особините на полот.
Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти Христос, иако Бог, ни покажа пример на послушание кон родителите и сѐ до Својата триесетта година им беше послушен на праведниот Јосиф и на Својата Пречиста Мајка. Се одрекуваме од Христос и не одиме по Него, ако не живееме во согласност со Преданието на Црквата и во согласност со Евангелието...
Акo пoчнат да тe фалат заради твoитe дeла, нe радувај сe на тoа и нe насладувај сe сo тoа: чувај ги вo тајнoст кoлку штo мoжeш и нe дoзвoлувај никoму да збoрува за нив”. Кoлку штo пoвeќe би ималo мир и радoст пoмeѓу луѓeтo на зeмјата кoга самo eдeн дeл oд луѓeтo ќe ги прими при срцe oвиe свeти збoрoви! Св. Тeoфил, иакo живeeл пoвлeчeнo на Св. Гoра какo прoст мoнах, бил пoзнат вo ситe истoчни патријаршии, какo заради свoјата учeнoст, така и заради дoбрoдeтeлниoт пoдвижнички живoт.
Љубовта треба да се покажува. Насушна потреба е да му кажеме на другиот дека го љубиме. Во храмот имаме потреба да му запалиме кандило на светијата, да го очистиме Божјиот храм, да го украсиме, да се радуваме на неговото благолепие, да го кадиме со темјан, да го гледаме и да се восхитуваме. Бог нема потреба од тоа. Но кога човек постапува така кон Бога и кон другите луѓе, тој добива соодветен одговор.
Како што во секојдневниот живот му кажуваме на другиот човек: „Те љубам!“ Ти благодарам многу што ме љубиш, но бидејќи ме љубиш, треба да ми ја покажеш и на дело твојата љубов, за да не биде апстрактна, туку практична љубов. Имам некаква потреба, некаква тешкотија. Бидејќи ме љубиш, помогни ми. Дај ми го тоа од кое имам потреба за да ме поткрепиш. Љубовта треба да е видлива. Токму тој проблем го среќаваме денес во семејствата, каде луѓето се љубат и н
Доколку премногу ги примаме на срце неуспесите од секојдневниот живот, ако тешко ја поднесуваме разделбата со некого, ако неутешно патиме заради умрените, зар ова, освен за силата на нашите чувства, не сведочи и за неверието во промислата Божја?
Постои уште едно средство што може да ни помогне да ги согледаме своите гревови - треба да се сетиме на она за што обично другите луѓе не обвинуваат, наши
Наречението на новоизбраниот Епископ Сарандопорски ќе се изврши на 25 јули, во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, а хиротонијата и востоличувањето ќе се изврши на 26 јули 2020 година, на Собор на св. архангел Гаврил, во Соборниот храм „Св. Николај Чудотворец“ во Куманово.