Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)
Ако ги приклониме колената, а во срцето свое, во вистинскиот храм во кој Бог се вселува, не го поставиме Крстот, сме го промашиле суштинското значење на празникот, затоа што тоа го иконизира ова изнесување на Крстот во средината на храмовите на Црквата. Знаеме што пишува во Светото Писмо, дека Бог не живее во ракотворни храмови, туку дека за Себеси соѕида храм – светилиште, а тоа е човековото срце. И, ако таму Христос не Го поставиме, ако таму не Му се поклониме, ако во срцето свое не се распнеме со страстите свои и похотите, ништо не сме направиле.