Ете ги плодовите на бракот! А животот без љубов е нецелосен, суров, безначаен, бездомен и обично скита по пусти места; не спасува од страданија, нема на кого да ја потпре изнемоштената старост, не прави родителите да оживеат во своите деца, не го поткрепува животот со пријатни врски. Неврзаните со брачни врски не наоѓаат утеха ниту во народните собири, ниту на прославите, туку се мрачни и туѓи на светот; иако родени за живот,
старец Гавриил (Карејски): Дел од интерјвју со старецот
- Оче, може ли денес современите родители да ги воспитаат децата во светост?
- Можат. Со својот личен пример, со вистинското христијанско поведение, со тоа што постојано ќе се молат, постат, вршат благотворство. Тогаш децата земаат пример од родителите и сами стануваат вистински христијани. Децата имаат потреба од примери, а не од совети. Ушите не им ги слушаат советите, но, очите им ги гледаат примерите