ЗА МИРОТ ХРИСТОВ (23.05.2015)
А плодот на Духот е:
љубовта, радоста, мирот, долготрпеливоста, добротата, милосрдноста, верата,
23. кротоста, воздржливоста. Против такви нема закон.
Гал. 5 ,22 - 23)
А плодот на Духот е:
љубовта, радоста, мирот, долготрпеливоста, добротата, милосрдноста, верата,
23. кротоста, воздржливоста. Против такви нема закон.
Гал. 5 ,22 - 23)
Почетокот на црковнословенската глаголица (буквица, но и Кириловица) е ист со почетокот на македонската азбука: а, б, в, г, д. Но, на црковнословенски јазик буквите имаат свои имиња: А = аз, Б = буки, В = веди, Г = глаголи, Д = добро, итн. Глаголицата започнува вака: Аз (јас) буки (букви) веди (знај) глагол (говори) добро (добро) – што во превод би значело: „Азбуката знај ја и говори ја добро“.
Кај мене на исповед дојде едно болно девојче на 12 години од детскиот дом за ментално заостанати. Тоа не можеше да поврзе ни два збора, постојано се вртеше, имаше ненормален поглед, постојани гримаси – сето тоа Зборуваше за нејзината „неполноценост“ (недоволност). И, ете, таа започна да се исповеда и причестува секоја недела. По една година кај неа се појави потреба да ги открие своите помисли.
Кoи мисли сe лoши? Ситe oниe кoи дoаѓаат спрoтивнo на закoнoт Бoжји, на слoвoтo Бoжјo. Лoшитe мисли сe самoвoлeн чoвeчки закoн, кoј чoвeкoт самиoт на сeбe си гo припишува и пoкрај и прoтив закoнoт Бoжји. Акo ли, пак, чoвeкoт e цврстo рeшeн да сe придржува кoн закoнoт Бoжји, лoшитe мисли тoгаш сe нeмoќни какo сeнки штo брзo сe пoјавуваат, нo, истo така, и брзo исчeзнуваат. Тoгаш чoвeкoт e гoспoдар над свoитe мисли, бидeјќи гo чувствува Бoга какo гoспoдар над сeбe.
На 24. 05. 2015, кога Светата православна црква го слави споменот на светите рамноапостолни и сесловенски просветители Кирил и Методиј, во соборниот храм на Тетовско-гостиварската епархија во Тетово, посветен на светите солунски браќа, се отслужи света архиерејска Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Неговото високопреосвештенство, Митрополитот преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар,...
На денот кога Православната Црква молитвено се сеќава на Вознесението Господово, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан отслужи Божествена Литургија во храмот Свето Вознесение - Св. Спас на Кале. На Литургијата во протопрезвитерски чин беше ракоположен свештеникот Томе Атанасовски.
Кoи мисли сe лoши? Ситe oниe кoи дoаѓаат спрoтивнo на закoнoт Бoжји, на слoвoтo Бoжјo. Лoшитe мисли сe самoвoлeн чoвeчки закoн, кoј чoвeкoт самиoт на сeбe си гo припишува
и пoкрај и прoтив закoнoт Бoжји. Акo ли, пак, чoвeкoт e цврстo рeшeн да сe придржува кoн закoнoт Бoжји, лoшитe мисли тoгаш сe нeмoќни какo сeнки штo брзo сe пoјавуваат...
На 23. мај (сабота), во 23:00 часот, во храмот на св. Стефан, во скопската населба Аеродром, ќе се отслужи сеноќно бдение со Божествената Литургија по повод празникот на светите рамноапостолни Кирил и Методиј.
Владимир Божинов: „Мислам дека нашиот христијански проблем е во тоа што не сме посветени на нашата основна задача, а тоа е очистувањето на срцето од страстите и просветлувањето на умот што се препознава по дарот на молитвата на срцето или како што вели св. Григориј Богослов (отприлика) очисти се, просветли се, научи се, омудри се себеси па потоа другите, цел преку која бескрајно повеќе ќе му помогневме на овој свет ако навистина го љубевме.
Во сабота состанокот започна со света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г.Пимен и сите свештеници од Европската Епархија.
Во присуство на скоро сите делегати од Европските Црковни општини се оддржа собранието кое оваа година беше изборно.
Во Неделата на Слепиот, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија, молитвено го прославува споменот на светата маченичка Пелагија Тарсиска , во храмот на свети пророк Илија, во скопската населба Аеродром,старешината на храмот, свештеникот Бранислав Стојанчов, во сослужение на свештеникот Златко Малинов, протоереј Зоран Стаменковиќ и ѓаконот Гоце Постолски отслужи Божествена Литургија. Во текот на Литургијата, се соединиа во брачна заедница Александар и Станка.
На 17.05.2015 година, во Неделата на Слепиот, во храмот „Пресвета Богородица“ – Гостивар, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи божествена литургија, на која што верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата Митрополитот го освети камен темелникот за нова трпезарија (Појата), во с. Вруток – Гостиварско.
Не би требало да испитуваме дали огорчувањето е праведно или е неправедно, од љубов или од злоба. Дали сме виновни или воопшто не сме. Но, духовната добивка што ни ја причинува секоја неправда треба да ја примаме радосно, да им бидеме благодарни на оние што ни нанесуваат неправда и постојано да Го славиме Бог.
Мостот, по кој сите ние поминуваме-е прошка за виновните, и ако не му простиш на виновниот-го разрушуваш мостот, по кој ти требаше да поминеш. "Поради нешто сме се возгордеале, па преку страдањето во вас се раѓа големо смирение....имајте љубов и се' ќе ви биде простено"...
- Христос бил меѓу политичари фарисеи, садукеи, богати и сиромашни, а сепак само го проповедал Царството Божјо,покајанието не чини ниту грош, а кога го имаш си најбогат во душата.
Како да се вклучиш на интернет, и да останеш човек
Интернетот предлага огромно количество занимации, задоволување на сопствените потреби, така што човекот се заглавува во својот егоизам, ја губи способноста да љуби, вели отец Василиј. „Неговата природна состојба – е во Интернетот. Љубовта преминува во пауза меѓу моментите на вклученоста во мрежата“, – со сожалување истакна говорникот.
Тешката болест – секогаш е искушение за човекот. Тоа е, ако сакате, испит за цел живот. Се сеќавам на еден случај, кога Серафим Сарофски го утешил еден монах, кого го нападнало силно униние. „Ах, кога би знаел – рекол старецот – каква радост, каква наслада ја очекува душата на праведниот на небото, ти би одлучил во овој времен живот да поднесеш секакви маки, гонења и клевети со благодарење.
Сликањето на свештенските икони не сме го примиле само од Светите Отци, туку и од Светите Апостоли, и од самиот Господ, нашиот Исус Христос. Христос го сликаме како човек затоа што се јавил на земјата и со луѓето заедничарел, постанувајќи совршен човек, без грев (Варух 3). А Христос не е само Логос, туку и Икона на Отецот, Образ на невидливиот Бог...
На ден 12. 05. 2015 година, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, кој е воедно и ректор на Македонската православна богословија, организираше поклоничко патување за матурантите и професорите при богословијата, при што беа посетени Лесновскиот манастир, женскиот манастир „Св. Спиридон“ кај Злетово, метох на Лесновскиот манастир и манастирот посветен на Животворниот источник на Пресвета Богородица – Балаклија во Марена,...