ЗА МИРОТ ХРИСТОВ
Блажени се миротворците,
зашто тие ќе се наречат синови Божји!“
(Матеј 5,9).
...
А плодот на Духот е:
љубовта, радоста, мирот, долготрпеливоста, добротата, милосрдноста, верата,
23. кротоста, воздржливоста. Против такви нема закон.
Гал. 5 ,22 - 23)
...
7. и мирот Божји, што надвишува секој ум, ќе
ги запази вашите срца и вашите мисли во Исуса Христа. (Филип. 4, 7)
...
14. Зашто Он е нашиот мир, Кој од двата народа направи еден и ја разруши преградата, што беше меѓу нив,
15. откако со плотта Своја го уништи непријателството,
а со учењето Свое – Законот на заповедите го обессили,
за да создаде во Себеси од двата народа еден нов човек, правејќи мир,
16. и во едно тело да ги помири обата народа со Бога преку крстот, откако на него го уништи непријателството.
17. И, откако дојде, Он ви благовести мир, на вас далечни и блиски.
(Ефес. 2 , 14)
...
14. Грижете се да имате мир со сите и светост, без која никој нема да Го види Господа:
(Евр. 12, 14)
...
Уште при Неговото раѓање, ангелите пееле миротворна песна: „Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја“
(Лука 2,14).
...
И на разделба, на учениците им рекол:
„Мир ви оставам; мирот Свој ви го давам“ (Јован 14,27).
...
Првите зборови на Христа воскреснатиот, кога им се јавил на апостолите, биле:
„Мир вам!“ (Јован 20,26).
...
„Ако е можно, доколку тоа зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе“
(Рим. 12,18).
...
„И нозете да ви бидат обуени во приправност за да благовестите мир“
(Ефес. 6,15).
Итн. итн...
Извор: Азбука на православната вета