Бог е оган. Покајание – Светител Шангајски, Западно-Европски и Сан-Франциски Јован (Максимович)

Кога сме задлабочени во гревови, а нашиот ум е зафатен само со животни грижи, ние не ја забележуваме состојбата на својата душа. Ние сме рамнодушни кон тоа, какви сме внатре, и постојано одиме по лажниот пат, и самите не забележувајќи го тоа.Но ете, зрак од Светлината Божја проникнува во нашата душа.















На 17 април 2016 година, во Петтата недела од Великиот пост, посветена на преподобна Марија Египетска, во манастирот на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици во Струмица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

































