Вторник од Шеста седмица на Великиот Пост
✤✣✤
За осудувањето
✤✣✤
Од дневникот на свештеник Александар Елчанинов: Со осудување е исполнет целиот наш живот. Ние не ги поштедуваме туѓите имиња; лекомислено, често дури и без злоба, осудуваме и клеветиме, веќе речиси по навика. Како што есенските лисја шушкаат, и паѓаат, и гнијат, загадувајќи го воздухот, така и осудувањата го разоруваат секое дело, создаваат пречки на недоверба и злоба, ја фрлаат во пропаст нашата душа. Знак за необјективно судење е острастеноста, злобата, немањето љубов поради себештедењето, непризнавањето на својата огревовеност, а строгост кон другите.
Преп. Исак Сирин: Не ги презирај грешниците поради нивните недостатоци, за и самиот да не бидеш искушан во истото што го искусиле тие.
Преп. Ефрем Сирин: Не се потсмевај и не го осудувај оној што паднал во искушение, туку подобро моли се за и самиот да не те снајде нешто слично.
Преп. Јован Лествичник: Дури и со свои очи да го видиш оној што греши, ни тогаш немој да го осудиш; бидејќи често и очите лажат.
Преп. Авва Доротеј: Не го осудувај ближниот: тебе ти е познат неговиот грев, но покајанието негово ти е непознато.
Преп. Нил Синајски: Вразуми го оној што греши, но не го осудувај паднатиот, бидејќи ова последното е дело на злословие, а првото дело на оној кој сака да поправи.
Св. Тихон Задонски: Кога нешто лошо ќе видиш или слушнеш за ближниот свој, запечати ја устата со молчание, а воздивни за него кон Господа, за Он да го исправи.
Извор: Бигорски манастир