Александар Шмеман - Великиот Пост: пат кон Воскресението
На тој начин, на Пасха ние го прославуваме Христовото Воскресение, како нешто што се случило и што продолжува да ни се случува нам, затоа што секој од нас го добил дарот на новиот живот и силата да може да го прифати и да живее по него. Тоа е дар што коренито го менува нашиот однос кон сè во овој свет, вклучувајќи го и односот кон смртта. Тој ни дава можност радосно да тврдиме: Нема веќе смрт!