логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Грузија

 

Секој наш свештеник знае колку често парохијаните му поставуваат навидум банални и непотребни прашања. Колку и да ни се чини дека одговорите се добро познати, честопати се случува ниту оној што прашува, ниту свештеникот кој одговара, да размислат за суштината на проблемот.

Напросто, човек доаѓа за да му се каже „како треба“; свештеникот не објаснува, туку кажува „вака треба“. На овој начин, верата останува во темнина, непросветлена, на ниво на суеверие, обичај и фолклор. Бидејќи нашите луѓе просто сакаат да им се каже дека „така треба“, свештениците им ја задоволуваат оваа потреба за едноставност. Неретко и самиот свештеник како да не може да размислува за сопствената вера, туку и тој самиот ја прифаќа како збир на неразбирливи правила, чија единствена функција е да се смислостиви Насрденото Божество.

Меѓутоа, таквиот пристап е во потполна спротивност со самата суштина на христијанската вера. На Светата Литургија, човековиот однос кон Бога и светот го нарекуваме разумна или словесна служба. Од една страна, тоа значи дека севкупната Тајна на верата, Тајна на Бога Кој на човекот му говори не може да се предочи со зборови, но од друга страна, и дека Тајната не е празноверие. Постои нешто неискажливо, но тоа не е просто командирско-војничко „тоа е така затоа што Јас така велам“, ниту магиско-вештерско „абракадабра“.

– – –

Можеби едно од најчестите прашања што верниците го поставуваат е поврзано со тоа дали, што и како може да се работи во недела. Не еднаш сум посведочил како нашите верници се расправаат за тоа дали во недела смее да се вклучи машина за перење или да се меси леб. И најчесто, и двете страни во спорот се повикуваат на својата баба која „така правела“ – аргументите се сведуваат на авторитетот на бабата.

На нашите баби им должиме многу љубов и поклон доземи, но аргументот „мојата баба ме научи така“ тешко дека може да биде одлучувачки. Нашите баби на сите нас ни посакувале да имаме подобар живот, да учиме многу повеќе, па дури и да знаеме за нашата вера повеќе отколку што самите тие, во нивно време, можеле да знаат. Се восхитуваме на силата на нивната вера, но повикани сме да знаеме многу повеќе за нашата вера од нив.

Но, зошто е потребно да знаеме за нашата вера повеќе од тоа „така треба“? Затоа што ХРИСТОС секогаш ги наведувал луѓето да размислуваат за суштината на Божјиот Закон (Тората), што Евреите го примиле од Бога. Кога Бог на Мојсеја му го дал Законот, Тој не го сторил тоа за самоволно да му наредува и да му „фаќа кусур“, туку за да му помогне и да го подготви за доаѓањето на Спасителот. За жал, со текот на времето, луѓето започнале формалистички да го сфаќаат Законот, како збир на обврски за кои не знаеме зошто постојат, но се детални и важни. Токму против таквото сфаќање на верата се борел и Самиот Христос, па оттука е апсурдно и тажно кога денешните христијани започнуваат да личат токму на книжниците и фарисеите од Негово време, кога прашуваат дали нешто смее или не да се работи во недела, а не го забележуваме човекот покрај себе.

Не е човекот создаден за саботата, туку саботата за човекот.

Се чини дека оваа често споменувана реченица била особено важна во раната Црква, зашто во Евангелието по Матеј е ставена речиси на самиот почеток од Христовото дело и проповед (втора глава, 17. стих). Всушност, суштината на овој и на многу други извадоци од Новиот Завет е иста: Законот не е даден за да биде формално почитуван, туку човекољубивиот Бог го дал Законот на човекот како помош. Саботата е еден од најубавите примери. Никој здраворазумен нема да прифати дека Бог буквално физички „работел“ шест дена, а потоа се „изморил“ (меѓу другото, тоа е спротивно со Неговата семоќ). Бог не „одмара“ затоа што Му е потребен одмор, туку за на човекот кој живеел во старовековната земјоделска култура да му сугерира дека треба и да одмори, дека во неговото постојано брзање да посее, ископа, искоси, врши, смести… треба да најде време за Бога и за самиот себе. Со саботата човекот се сеќава на својот однос со Бога, но и со самиот себеси. Затоа Бог му вели да не работи: но не само да не работи, туку и тој ден да Му го посвети на Бога. Да се собере во заедница, и тоа не само верска заедница, туку и семејството, друштвото.

– – –

Значи, неделата [како новозаветна сабота] Му е посветена на Бога и на нашите ближни. Тоа е суштински клуч за одговор на многу прашања. Како тогаш да знаеме „дали може да се работи во недела“?

baba

Најпрво, треба да се потсетиме дека во недела сме насочени кон Бога и кон другите. Тоа е денот кога треба да заборавиме на својот егоизам. Што може, а што не, да се работи во недела – е тешко да се каже надвор од контекстот на една ситуација.

Меѓутоа, мора да предупредам на неколку широко распространети појави. Најпрво, тука веќе наведеното правење на списоци „ова може, а ова не“. Бог не е робот, и Христос не пострадал, ниту воскреснал за машината за перење, туку за човекот, за секој човек. Оттука, не треба да размислуваме дали Бог ќе ја расипе машината за прење која сме ја вклучиле во недела, туку што ние правиме, па не можеме да успееме еден ден во неделата да се оттргнеме од домашните задачи да Му се посветиме Нему. Ако знаеме дека порано имало луѓе кои буквално се бореле со глад, па сепак успевале да најдат малку време и волја неделата да им ја посветат на Бога и на другите – тогаш и денешниот човек го може тоа. За жал, кај нас е вообичаено човек од понеделник до петок да оди на работа, а сите домаќински работи да ги остави за в недела.

Бог не е психопат, ниту садист. Тој знае дека неделата ни е потребна. Можеби некои, читајќи го ова, ќе одмавнат со раката, велејќи лесно му е нему, но јас морам да работам в недела. Точно, понекогаш мора. Но, зарем не работиме за да можеме да ги љубиме ближните? Зарем не можеме барем малку време и внимание да им посветиме на ближните и на Бога, па дури и на себеси? Оти, и Христос тоа ни го рекол: денот за одмор е создаден заради човекот.

Игнет, Огнена Марија, Свети Илија Громовник, Руса Среда…

Меѓутоа, она што особено го привлекува нашето внимание, и каде што лесно се воочува суеверниот однос кон неделата е следниот муабет: „Подобро ми е да работам во недела, отколку за Огнена Марија“. Неточно. Неделата е „мало Воскресение“, и тоа не во некакво преносно значење, туку буквално: во недела служиме најсвечена, воскресна литургија, која секогаш потсетува на Велигденската служба. Кога веќе треба да зборуваме за „тежината“ на празниците, тогаш неделата би ја сместиле во категоријата на Господови празници, како Велигден, Божик, Духовден…

Во денешно време, вообичаено е медиумите од таблоидски карактер да шират суеверие, пишувајќи текстови од типот: „Денес е Преображение: еве што не смеете, и што мора да направите“. Можеби за другите е очигледно, но бидејќи никој не го кажува тоа, еве јас ќе кажам: ваквите текстови немаат никаква врска со православната вера. Напротив, тие се спротивни на нејзиниот карактер, зашто Христос не дојде за да им служиме на идолите, ниту да се држиме до некакви бесмислени суеверија. Патем, дури и да станува збор за информативни текстови поврзани со обичајната традиција, најчесто истите се многу лошо и непрофесионално напишани. Преку нив, Божјите светители се прикажуваат како опасни, злобни божества кои ете, маваат со громови или ги „закопуваат турските деца“. Тоа не се нашите светители. Тие не се пагански божества, и секој кој верува во ваквите претстави – несвесно богохули. Нашите светители живееле за Царството Небесно, за Христа, а не за да маваат од небото со громови.

Молејќи Му се на Бога…

Тогаш, како да се однесуваме кон празниците, особено кон неделата, како голем, а чест празник? Така што во недела ќе размислуваме за нашите пропусти и гревови, но и што ќе Му се радуваме на Богочовекот Христос Кого Го среќаваме на Светата Литургија, во Телото и Крва, но и во ликот на секој човек што ќе го сретнеме. Така што овој ден ќе настојуваме да размислуваме за нашите приоритети во животот: ќе одмориме од секојдневната трка за егзистенција или подобар живот; ќе се сетиме на оние за кои се бориме. А ако треба нешто да изработиме – ќе го изработиме. Не постои список на дозволени и недозволени работи. Она што постои е разделеноста меѓу Бога и човекот, растојание кое Бог е секогаш спремен да го помине, ако и само ако и човекот тргне во Негов правец. Неделата е повик да појдеме кон Бога. Ако натаму појдеме, тогаш сме се упатиле кон својата татковина…

 

Отец Дарко Ѓого, свештеник, професор и декан на ПБФ во Фоча, Р. Српска, БиХ извадок и адаптација на статус постиран на соц. мрежа „Фејсбук“

 

Извор: http://pravoslavie.mk.

Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/biva-li-da-se-raboti-vo-nedela-oche/ .



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная