18 август 2016 г. Руска реч на македонски
Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на македонските граѓани им нуди уникатна можност за бесплатно изучување на рускиот јазик.
Со почетокот на новата академска година започнуваат и активностите на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кој свечено беше отворен годинава. Новина за оваа учебна година е воведувањето бесплатни курсеви по руски јазик за сите заинтересирани граѓани на Република Македонија.Парче од Русија во МакедонијаОд Рускиот центар при УКИМ известуваат дека идејата е да им се даде можност на сите оние што се заинтересирани за изучување на рускиот јазик да можат да го сторат тоа сосема бесплатно. Оттаму додаваат дека во програмата за изучување руски јазик се добредојдени сите граѓани без никакви ограничувања по која било основа.
Сѐ што треба да направите е да ја пополните пријава која може да се најде на сајтот на УКИМ (http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=123&glavno=32).
Пријавата треба да се достави најдоцна до 5 септември 2016 година на и-мејлот: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на адресата на Руски центар: булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов’’ бр.28, локал 27, трети кат.
Редакцијата на „Руска реч на македонски“ ви посакува успех во изучувањето на рускиот јазик.
Извор:
http://mk.rbth.com/news/2016/08/18/uchete-ruski-jazik-besplatno_621977
Друго:
Отворен Руски центар во рамките на скопскиот Универзитет