Продолжува соработката на Православниот богословски факултет во Скопје со Букурешкиот универзитет
Од 13 до 16 октомври 2015 година, при Православниот богословски факултет во Скопје, започнаа предавања од еминентните професори од Православниот богословски факултет во Букурешт, Романија: д-р Думитру Сорика и д-р Дорин Хандреа на тема практични вежби од фреско-сликарство, конзервација и реставрација на икони.