логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  

ВРЕМЕТО СЕ ЗАБРЗУВА

Времето лета побрзо, многу побрзо отколку порано.
Сте го забележале ли тоа?

 Немаме време да прочитаме книга, да размислиме за нешто свое, не ни останува време дури ни за тоа да бидеме малку со децата и со својата сопатничка на крстосниците на овој живот.

Дека времето навистина се забрзало кажуваат научниците, но и атонските подвижници на нашите денови.

Лете, како што тоа обично бидува, одевме на село, кај баба.
Живеевме во куќичка направена од глина и дрво, речиси сосема лишени од сè она што се нарекува цивилизација.

 Вечерите ги поминувавме покрај светлината на керозинска ламба, слушајќи бајки. Колку богат тогаш ни изгледаше светот полн со тајни и убавина!
Како да сум живеел во некое друго време, како да сум бил дел од друга историја, отворена за вечноста.

Сега време има сè помалку. Времето лета побрзо, многу побрзо отколку порано.

Го имате ли тоа забележано? Немаме време да прочитаме книга, да размислиме за нешто свое, не ни останува време дури ни за тоа да бидеме малку со децата и со својата сопатничка на крстосниците на овој живот.

Научниците дури почнале да го мерат забрзувањето на времето.
 Иако не е лесно да се  измери она што служи како мера на сè што постои. Зашто, нема таква состојба или движење во кои времето не би постоело како чувство на минливост кое тишти.

 И дошле до заклучок, не се знае со кои пресметки, дека денес 24 часа поминуваат исто така брзо како што порано поминувале сè на сè 16.

Односно, веќе имаме изгубено третина од времето на својот живот или половина од она време во текот на кое се наоѓаме во активна состојба.

Но, не укажуваат на тоа само научниците. Отците, кои се подвизуваат во пустините на Света Гора, отшелниците* на нашите денови, го кажуваат истото: денес времето тече многу побрзо отколку порано, а многу е тешко тие да се обвинат за психолошка субјективност предизвикана од социјалните околности…

Се има зголемено брзината на сите процеси, но времето сепак не се има скратено – се случува спротивното од она што би требало да се очекува!

Така, наспроти сета научна логика, се испостави дека идеолозите на теоријата на напредокот се големи лажговци.  Зарем не ни сугерираа во минатиот век дека научниот и технолошкиот напредок ќе доведе до тоа машините да го заменат човечкиот труд и дека заради тоа ќе има повеќе време?

 Да, машината за перење алишта денес ја олеснува работата на жената, која сега сепак многу повеќе страда заради стрес поради недостаток на време, отколку кога ги перела алиштата во река…

Некогаш луѓето се движеле забавено, полека го работеле сето она што требало да го сторат во текот на денот, во текот на сите денови на својот живот.
 Денот го започнувале со утринска молитва и го завршувале со вечерна; на трпеза го кажувале
 „Оче наш“ и кон ништо не пристапувале,
 а прво да не се осенат со знакот на светиот крст.

 Односно, човекот во секое време и на секое место наоѓал слободен момент да упати збор на Бога и за возврат во душата бил сигурен дека не е сам. Иако неговиот живот бил тежок, со подеми и падови (таков воопшто и треба да биде животот на секого, за да може во него на нешто да се научи), му има давано чувство на полнота. Тоа било постоење кое се чувствува во сета полнота.



А сега сè се работи во трк, така што речиси цело време чувствуваме дека сме лишени од радоста на моментот, несовршени во она што го работиме и чувствуваме.

И кога човек ја обавува својата молитва (оној којшто за тоа чувствува порив), неговиот ум не е таму. Тој јури напред, се устремува во грижите на  денешниот ден или секојдневието во целина.

 А кога ќе се нафати за нештто, дури не му паѓа на памет дека треба да се прекрсти, затоа што веќе размислува за нешто друго – и на крајот на краиштата, тоа не се вклопува во околината. Како Бог да треба да оди по светот, да се угледа на него, а не обратно…

 



И така човекот останува сам. Не само заради тоа што со него веќе не е Бог, – тој ниту останатите луѓе, пријатели, браќа, сопругот или сопругата, не ги доживува блиско.

Тоа е затоа што во тркот секој има свој ритам, – со други зборови, во трката цело време гледа напред, во она што ќе биде подоцна, во надеж дека ќе дојде време да се смири.

 Меѓутоа, животот брзо поминува и настапува болест, доаѓа и смртта, побрзо отколку што човек очекува, доаѓа пред оваа толку посакувана пауза, не дозволувајќи му да се смири и да се врати кон себеси, својата куќа.

Но, оваа осаменост може да се сфати и на следниот начин: брзаницата, налудничавиот ритам и неизбежната бучава на светот во кој живееме, не ни дозволуваат да ги чуеме бојазливите чекори на другиот на патеките на нашата душа.

Трчањето некако нè потиснува вон границите на сопствената душа. Зашто, на душата ѝ е потребно, исто како на детето и љубовта, човек да ѝ посвети време. Таа има свој ритам – ритам на длабоко и спокојно општење со Бог и со другите души.
Ова жените подобро го сфаќаат, затоа што подлабоко чувствуваат.

И бидејќи ритамот на смената на деновите и годините на општеството во кое живееме за долго време нè отуѓува од животот на сопствената душа, доаѓаме до тоа да се навикнуваме на оваа состојба и сè повеќе се чувствуваме како воопшто да нè нема. 

Заради тоа кај нас и можат да се накалемат еволуционистичките теории. Со други зборови, забораваме од каде сме тргнале, го забораваме мајчиниот јазик на простодушната љубов, јазикот на оној пејзаж на душата, во кој би можело да се сместат толку убавини и тајни.

И често умираме меѓу туѓинци, сосема непознати, како што тоа се случува со огромното мноштво христијани, изгубени меѓу луѓето лишени од права вера, слично на еврејскиот народ, којшто за парче месо робувал кај Египќаните.
 Така допуштил Бог – можеби човекот, гледајќи го материјалното као симбол, ќе сфати што се случува на ниво на духот.

Архитектите на вообичаениот пејсаж на современото општество, биотехнолозите на човештвото потчинето на машината, умислиле дека човекот може, како некое дело, да биде обработен до таа мера, што да дојде до состојба на робот, програмиран компјутер, кој оперативно ќе одговара на командите на системот.

И се нафатиле на овој проект, и речиси ја имаат доведено западната индивидуа до зададените барања. Сепак, немаат успеано до потполност да ја променат човековата природа.

Отуѓени од сопствената душа во светот на машините и информациите, луѓето страдаат, не сфаќајќи заради што. Повеќето од нив воопшто и не знаат дека имаат душа.

Како тогаш ќе можат да ја препознаат и да го сфатат нејзиното страдање?
 Тие се налик на болен кого нешто го боли, кој чувствува голема слабост, вртоглавица и потполна разбиеност, но не може да му каже на лекарот од кај потекнува неговата болест.

Страдањето што го чувствуваат повеќето луѓе и коешто многумина ги присилува да се фрлаат во вирот на сите можни гревови, тесно е поврзано со ова болно протекување на времето, за кое веќе немаме трпение.

Немаме затоа што времето веќе не го мери животот со Бога – изворот на времето и животот. Тоа е мачно време, кое ни го дава мерилото на отуѓеноста, изнемоштеноста заради празното трчање.

И колку повеќе трчаме, толку поосамено се чувствуваме.
Тука почнува маѓепсаниот круг.
Зашто, колку поосамено се чувствуваме, толку потешко ни е да го поднесуваме мачниот тек на времето, кој веќе не ја наоѓа својата смисла и радост.

 Така што почнуваме да јуриме во сè поголема брзаница; се криеме во работата како во песок, во разноразни обврски и грижи, а во малубројните моменти на одмор, кога остануваме насамо со самите себеси, ни станува уште потешко, и сè почнуваме од почеток.

Токму заради тоа бил смислен телевизорот  - за да ја ублажи оваа неминлива самотија, којашто ја чувствуваат луѓето на денешницата, презревајќи го Бога до Негово потполно заборавање и незнаење.

Телевизорот, весниците, интернетот, сензацијата, еротиката и насилството, силните чувства, емоциите кои се прелеваат преку секоја мера – сето тоа е дадено за да нè натера да заборавиме на тоа дека нашиот живот станал прекраток и мачен.
 Живееме така како да не го живееме сопствениот живот.

Ве молам, застанете за момент во оваа трка на празнината.
Треба да го пронајдеме своето изгубено време, повторно да го вратиме.

Како? Одејќи што почесто на света Литургија.

Времето на животот на нашата душа се напојува, како и сето вистиниот во овојсвет,со благодатта Божја, во дадениот случај- времето на Царството. Обидете се тоа да го сторите и ќе видите како вашиот живот ќе се промени.

Ве молам, купувајте го своето време, трпеливо стоејќи на исповед. Бидејќи гревот е главниот виновник за забрзувањето на времето на нашиот живот. Бог не ни  дава  повеќе време како уште повеќе не би ги продлабочиле гревовите во кои живееме. Купувајте го времето, што е можно повеќе запирајќи се во текот на денот за да би изговориле: Господи помилуј!

 

Купувате време исфрлајќи го телевизорот, не пашејќи се „што ќе кажат комшиите, пријателите и родбината’! Телевизотот е најголем хронофаг(голтач на времето) во целата историја на светот. Тој во просек на човека му изедува 3,7 сати дневно од времето.


Кај старците и децата – повеќе, кај пубертетлиите помалку. Ви се чини дека е невозможно да го исфрлите?
 Но, зарем не е полесно да се откажете од телевизорот, отколку да страдате заради загуба на толку драгоценото време на нашиот живот, миговите кои заминуваат и не се враќаат, времето во коешто сè уште си здрав, додека си жив?

Дали некогаш сте виделе среќен човек кој гледа телевизор?

Или имаме заборавено и воопшто не сакаме да знаеме што значи среќа? Тогаш ја заслужуваме својата судбина... Треба повторно да го пронајдеме времето, како некогаш да станеме чувствителни за несреќата и болката на пријателот, роднината, комшиите и луѓето на улица – а најмногу чувствителни за гласот на сопственото срце,
толку тажно, толку сирото, како да сме умреле во туѓ крај,
 погребани во грижите и проклетите задоволства на живуркањето, лишено од Бога.

Ве молам, немојте овие зборови да поминат покрај вашите уши – зашто не знаеме уште колку Бог ќе нè трпи.

Георгије Фечору

Извор: Православие Ру
Преведе - Мина Даниловска



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2027
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2547
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная