логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

БАРАЈТЕ ГО БОГ ВО СЕ ШТО ПРАВИТЕ
Прв дел-како да го исполните својот жвиот со смисла и радост

Вчера ми се јави една жена, прикована за постела, и ми рече, дека секогаш Му благодари на Бога. Таа има два сина, обата разведени, едниот болен и лекарите му рекле: «Tебе ти е потребно да направиш операција, а по неа ќе имаш две возможности: или ќе умреш, или ако останеш жив, ќе бидеш парализиран. Избирај!»
И ете таа жена вели, дека ништо од мене не сака:
-Ја само му благодарам на Бога и се молам со вас да биде сè добро!
Кога ja дознав незината болка, си помислив: Оваа жена не бара ништо од мене, туку јас ќе примам од неа. И ја запрашав:
-Како вие издржувате?
А таа ми одговара:
-Да слава Богу! Што Бог допуштил, јас сѐ ќе примам!
Таа жена многу страдаше и ја беше нашла целта на животот, неговaта смисла, која се состои во тоа да се научиш да го примаш сѐ она што Бог ти го дава; да согледуваш преку тоа, што Бог ти  праќа тебе во животот; да бидеш без претензии, да не рониш солзи постојано и да не прашуваш: «Зошто?» Да не се растревожуваш и да не се жалиш.
Сега е вистинско чудо да најдеш човек, кој не би се жалел; голема работа е кога некој тебе ќе те запраша: «Како си?»-и ти да му одговориш: «Слава Богу, сѐ е добро кај мене!» А не постојано да ја изнесуваш  горчината на животот. Тагата, болката-сето тоа нѐ прави болни.

Сепак некој ќе приговори:
-И што да правиме тогаш?
Доколку животот ти е таков и не ти е можно да не те здоболи, не може да не заплачеш. Прашањето е во тоа, да може од твојот плач и агонија, во крајна линија да излезе нешто добро. На сите ни е болно. Прашањето е во тоа, дали ние созреваме преку нашата болка, стануваме ли свети преку неа или само негодуваме.
Кога во 2003 година бев во Ерусалим,  ми заѕвонија на телефон по повод еден мој другар-монах, кој на 45-годишна возраст се упокоил во еден од манастирите надвор од Атина. Јас неможев да појдам на погребението, затоа што бев во Ерусалим. Кога се вратив во Атина, отидов во тој манастир за да поразговарам со отците, да земам благослов од нив и да дознаам како поминало погребението и тие ми раскажаа:
-Сите зборуваат за тој човек: «Умре на 45 но, знаеше зошто живее, и за недолгите години проживеа  многу. Тој ја најде смислата на животот, иако за толку кратко време.»
Ги замолив, да ми дадат нешто од неговите работи.
Ми дадоа излитени бројаници. Си реков во себе: «Токму ова и го сакам!»
-Ако можете да ми ги дадете, за мене тоа е едноставно бесценето!

Братијата се согласија:
-Немаме ништо особено да ти дадеме, затоа што во келијата кај него ние најдовме само јакна, хартиени икони на дрвена основа и неколку книги. Ги сакаш бројаниците?
Ги грабнав. На заминување братијата повторно ми кажаа:
-Тој живееше така разумно, и иако рано си замина, сепак сите разбаа, дека тој човек ја достигнал својата цел и многу се приближил до Бога.
Затоа, браќа, прашањето не во тоа, колку години ќе живееме, туку како ќе живееме. Знаеш ли ти, зошто живееш, знаеш ли, што правиш сите овие  години? Како поминува нашиот живот? Каква смисла има тоа да се  разбудиш наутро и да велиш: «Сега јас пак имам работа, треба да готвам, училиште, трчкарање, трошоци?» Зошто сето тоа се случува? Каква е смислата на сето тоа?
Од самиот почеток сакам да ви кажам, дека сè што правиме во животот, -е неважно. Сè! Затоа што тоа е пропадливо, минливо, и сето тоа си оди. И самото најубаво бдение, на кое што ти ќе отидеш, во определен момент, за неколку часови, кога свештеникот ќе каже: «Молитвами свјатих отец наших...», или ќе не поздрави:« Христос воскресе!»-богослужбата ќе заврши. Сѐ во животот е кратко, мало, ограничено, заквасено со Божествени елементи, но, и со многу човечки исто така, т.е. во овој живот не следува да го бараме апсолутното, совршеното насладување, совршената среќа, совршената радост, затоа што совршенства не постојат во овој живот.

Старец Јаков од Евбеја говорел:
-Тука, чедо мое, прости ми, ние не живееме за тоа, за да ни поминат дните. Прашањето не во тоа, што дните поминале, туку во тоа, како поминале, со што ги исполнуваш.
Она што го правиш од утро до вечер, дали ти дава тебе смисла и цел? Кога твојот живот ќе помине, кога ќе станеш 70 или 80-годишен и кога ќе се осврнеш наназад, дали ќе го пронајдеш она што, те исполнило со среќа и задоволство? Дали ти се допаѓа тоа што го правиш? Ти си женет-дали тоа тебе ти се допаѓа? Дали тоа ти дава смисол и среќа? Како што често велат: «Почнав за здравје, завршив за упокојување». Треба да се најде смисла. Работата, која што ја работиш, ти се допаѓа ли? Дали наоѓаш смисла во неа, дали те исполнува таа тебе со среќа и задоволство?
Не  е важно толку тоа  што правиш, туку како го правиш и што тоа тебе ти дава. Дали ти носи тоа пријатно чувство, задоволство, полнота? Во спротивен случај животот е многу мачен, заморен и многу тежок. Затоа некои жени неретко говорат, а и мажите исто така, само што тие не се осмелуваат да го признаат тоа: «Јас со часови редум си мислам: зошто јас живеам? Сакам на сé ставам крај, во мојот живот нема смисла, јас сум во очајание!»

Еден млад човек ми кажа мене нешто, коешто во мене произведе силен впечаток:
-Ние отче, правиме куќа и ќе ти кажам, што се случи. Отидов со родителите, за да им помогнам. Помагав уште од утрини, носевеме некави  вреќи во домот, се трудевме нешто да направиме. Кога дојде време за ручек, отидовме во супермаркет за да купуваме, зедовме пиле, за да јадеме сите семејно. Откога станав, од утрината до вечерта се изморив, се жртвував себе заради мама, тато и заради нашиот дом. Вечерта, кога отидов да спијам, јас не сфатив како пролетал денот, и ти велам отче, се чувсвтував себеси многу убаво, бидејќи нешто направив, нешто дадов на оние кои ги љубам. Тоа не беше нешто духовно, искрено кажано, во тој ден јас не успеав да направам нешто духовно во смисол да се молам, на бројаница, но, јас се трудев за другите од душа. И заспав задоволен, затоа што дента ги надминав пределите на самоугодувањето и се предадов себеси. Следниот ден беше сабота. Спиев околу два часа по ручек, се разбудив, во два каснав нешто, потоа седнав на компјутер, влегов на „фејсбук“, повторно заспав, вечерта се разбудив, се напив кафе, јадев пак и почнав да чекам како ќе помине времето, за пак да легнам да спијам. Здодевност и мачнотија ме убиваа, затоа што немав што да правам тој ден. Цел ден сабота седам дома, а цел ден петок се заморував; кога седев дома, внатрешно се чувствував себеси потполно опустошен, душата ми беше пуста, немаше никаква смисла во тоа, што јас седев и се одморав. Дали може да ми објасниш, зошто така се случи?

Тоа е затоа што oна што ти си го правел во петокот, ти си го правел со љубов.  Си се предал, си се жртвувал, си излегол од своето «јас» и си влегол во својот брат, а братот во тебе...а исто и мајка ти, татко ти и твоите браќа и сестри. Кога нешто предаваш на другите, на тој начин твојот живот станува убав. Затоа кога ти во саботата си се вратил во кругот на сопствената оска: моето «јас», мојот сон, моето кафе-и така кога се занимаваш само со своето «јас», ти не наоѓаш смисла на животот. Се заморуваш. Нашето «јас» многу не заморува. Кога ние постојано се движиме околу него, тоа нѝ натежнува и ние се оптеретувме со своето «јас». Кога се раздаваш себеси, добиваш смисла, живееш и се радуваш. Животот брзо минува и затоа треба да се исполни со смисла и радост, односно треба да се радуваме затоа што живееме.
Вие денес дојдовте овде-вие тоа го сакате, затоа сте тука? Го сакате тоа. Ако некој седи овде, но, не го сака тоа и непријатно му е, значи го прави насилно. Ако го сакаш, она што го правиш, ти со тоа се насладуваш. Ако си свештеник, облечен во црно, учител во школо, многудетна мајка ли,  што било што ти се допаѓа, ако ти го љубиш тоа што го правиш, ти ќе се насладуваш со тоа и така ќе прибавиш смисла на твојот живот.
Постојат луѓе-на лето ги гледам на крајбрежната улуца, каде што има добри кафулиња со огромни екрани, и луѓето таму гледаат фудбалски натпревари; во тие дни кога има фудбалски меч, кафулето се исполнува-имено има луѓе кои таму  поминуваат со саати напролет. Мене ме прашаа: тоа лошо ли е?

Реков: ништо не е лошо или добро само по себе. Се станува добро или лошо во зависност од тоа, како и зошто ти го правиш тоа. Ако седиш и гледаш фудбалски наптревар, а дома имаш сопруга, која ја љубиш, дома ти се децата, на кои се предаваш целиот себе, сета душа и со кои разговарашсо часови, тогаш оди и одмори се малку. Но, ако седиш просто така во кафулето, а неколку месеци не си општел со жена си, не си им се загледувал во очи на децата, за да разбереш, што тие реално сакаат, т.е. не се занимаваш со нив, тогаш она што го правиш, тебе те опустошува, тоа ти е алиби, повод да скршнеш од твојот реален проблем.


Кај тебе не постои реална врска со жена ти, ти постојано наоѓаш поводи, да не бидеш дома: денес овде, утре таму. Затоа не ме прашувај мене, дали правиш добро или лошо, доколку гледаш фудбал. Не е проблемот фудбалот, туку тоа што на прво место треба да биде твојата врска со родните, твојата жена, твојата љубов, твоето дете. Ти многу долго не си ја прашал жена ти, како таа се чувствува во животот. Не си ја прашал дали  е задоволна како дома одат работите, не си се заинтересирал за неа, кога си си видел дека таа отишла на лекар да прави некои испитувања. Ти не се занимаваш со неа, а ме прашуваш мене, дали е добро или лошо-да се отиде да се гледа фудбал.
Не треба така да биде. Треба по малку да се заитересираме за другите. Сѐ станува трагично, кога вистинксата љубов и реалната врска со ближните нѝ е поткрадена.

Прашав една жена:
-Што правиш во животот, се бориш ли, се радуваш ли на својот живот?
Таа рече:
-Јас, баќушка, не правам ништо.
Зошто?
-Не се подвизувам како вие.
-Т.е. што правиш?
-Па, не правам ништо. Имам пет деца, ги пораснав но, не се подвизувам како вас. Ги носев на школо, седев ноќум кога беа болни, ги хранев наутро, ги изучив школи... Имено, такви некои мали дела, не правам големи дела.
Има луѓе, кои во секојдневниот живот, иако сами не го сфаќаат тоа, прават големи работи, кои имаат цел и смисла. Таа жена го исполнувала во живот Евангелието и она, што го учат светоотечките книги, иако сама не го знаеше тоа.
На пример, некогаш таа се разбудила и мажот и почнал да ѝ приговара, но, таа пројавила трпение. И што таа правела во тој час? Таа на дело ја исполнувала светоотечката книга, посветена на трпението, долготрепението, незлопаметењето.
Меѓу вас има луѓе, кои иако сами не го знаат тоа, преживуваат исклучителни работи од областа на верата. Тие не чувствуваат дека тоа, со што живеат е Божествено  но, тоа дејствително е такво. Бог-се наоѓа во твојата кујна, во собата, во она, што го правиш, доволно е да мислиш на Бога, во она што го правиш. Не треба да се остави сè и да се прави нешто друго. На пример, да се обидеш да го дофатиш недофатливото и да речеш: «Одев на бденија, на поклоненија, на Света Гора.» И на ова што го правиш, можеш да му придадеш смисла и цел и да го вложиш Бога во тоа.
Јас и реков на жената:
-Ти толку пати си седела ноќум, зарем тоа не е големо нешто!
Во школото кај што предавам, има една мајка, кај која заедно со мажот има, што мислите, коклу деца? 18!!! Поразително. Сите така реагираат, кога зборувам за тоа, сите се запрепастуваат. Еднаш таа дојде на училиште да ја земе контролната на своето дете, која ја оценив со една петка. Затоа што, си велев себе си, каква оценка да му ставам на ова дете? Кај може кутриот таму да чита, ако воопшто успее да јаде-додека таа ставила на последниот, јадењето на првиот остинало. Јас нему му ставав само петки и му реков: «Не плаши се!» Тој беше добро дете.
И така, неговата мајка дојде, и јас бев во собата кај што ги проверував контролните. Ја повикав да влезе, ја затворив вратата и таа ја целиваше мојата рака. Јас ја земав незината рака и реков:
-Дајте ми ја малку вашата рака!
Таа не знаеше, што сакам, всушност ниту си претпоставуваше.Тогаш јас и ја целивав раката. Таа тука веднаш ја оттргна раката и рече:
-Баќушка, што вие правите? Вие сте свештеник!
Јас сум свештеник, добро де, а ти која си? Која си ти? 18 раѓања, 18 години-најмалку18 години-да се стои ноќум покрај секое дете, затоа што првата година е тешка, и само првата, туку и втората а исто и третата и сите останати. Нејзиното лице сјаеше, беше така светло, а таа воопшто и не знаеше каде се продваат козметички производи. Јас ви зборувам вистина, бидејќи таа живееше надвор од Атина и не знаеше, каде се продаваат козметички производи, никогаш не се украсувала-така таа говореше-и беше убава. Таа ја пронашла смислата на животот, преку љубовта, жртвата, и убавината се појавила оттаму, од каде што и не очекуваш.
Зборував и со друга жена, која исто така беше многу убава-по една сосема спротивна причина-и реков неа:
-Каква е во тебе смислата на животот?
Таа се заврте и ми рече:
-За мене баќушка, смисолот на животот-е да бидам трпелива, да пројавувам трпение.
-Во што?
-Во моето бесплодие. Бог не ми даде мене дете, а јас сум мажена веќе 18 години. Затоа и пројавувам трпение. Дали вреди-тоа што го правам?
-Вреди и тоа како! Тоа што го правиш, те исполнува со огромно богатство. Не е ништо тоа што немаш дете.
Некој друг ми го кажа токму истото но, сега за болестите кои тој ги има. Ти можеш да ја најдеш смисолата на животот преку болест, да ги спознаеш нештата, кои порано не си ги разбирал, кога си бил здрав. Болеста те турка на кревет, и ти разбираш, што значи љубов, слога, жртва, предавање, кога другиот ќе ти подаде чаша вода и ти му велиш: «Благодарам!» Да се научи да се говори словото ˶благодарам˝, кое кога сѐ било во ред со тебе, ти никогаш не си го кажувал. Порано ти си говорел: «Донеси го тоа! Ајде! Придвижи се!»- а сега велиш: «Благодарам!»

Со ова јас, браќа мои, сакам да кажам, дека смислата на животот може да дојде оттаму, од каде што ние не очекуваме, за да познаеме големи нешта, низ тешки и многу обременителни моменти низ кои поминуваме. Во секој случај големо нешто е-во сите тие мачења, во борбата за смисла на животот покрај себе да имаш луѓе, кои како другари ќе ги љубиш и тие тебе исто така.
Дали  имате близок човек, кој го познавате, кој сега, штом ќе се заврши беседата, ќе можете кога ќе се вратите дома да му се јавите по телефон и да му ја излиете својата болка? Тоа е голема работа. Тогаш можеш да кажеш: «Ја пронајдов смислата на жвиотот! Имам вистинско пријателство, односно луѓе, кои нема да ме предадат, кои не ми предизвикуваат болка, кои ме прифаќаат таков каков што сум.» Токму тоа-е големо богатство на овој свет.
Во тоа ти може да видиш определена смисла и среќа-не во множество пријатели, туку во имањето на еден-двајца, и ти си веќе пребогат. Дури и еден да имаш. Еден човек, кој го познаваш, кој ќе го сослуша, она што ти ќе го кажеш, ќе го стави во своето срце, ќе го закопа во свеото срце, доколку не треба да се разгласува  и ќе ја искусува болката заедно со тебе и ќе те љуби тебе, ќе те разбира. Таквите луѓе можат да кажат: «Слава Богу! Имав во мојот живот дружба, покрај мене имаше добри луѓе.»

Потребно е да бидеме внимателни, затоа што ние христијаните, страдаме од тоа. Ние сме христијани, и би следувало на сите да покажуваат со прст кон нас од воодушевување, онака како што вие се воодушевивте од онаа дама, која има 18 деца, така за секој од нас би требало да говорат: «Каков човек е тоа! Прекрасен човек! Јас  му раскажав нешто, а тој страдаше заедно со мене, ме засака, ми помогна, поддржа, не ми правеше сплетки, не ме осуди, туку го сохрани тоа во себе!»

Но, за жал, за нас, христијаните, говорат многу негативно. И како ќе им помогнеме на другите да бидат мисионери, да ја пронајдат смислата на жвиотот, кога ние со нашиот живот ги тревожиме?
Страец Паисиј говороеше нешто страшно:« Ако сакаш, некоја твоја тајна да стане позната по цела земја, откриј на некој твој другар, кого што го сретнуваш во црква. На простување кажи му: ˶Те молам за ова никому не говори!˝ Сите ќе знаат за тајната. Тоа е најлесен начин да ги распространиш своите новости.»


Такви нешта не би требало да се случуваат со нас, христијаните, ние сме должни да бидеме пример за вистинска љубов, за да им предадеме и на другите послание за тоа, дека ние сме ја разбрале смислата на тоа, што значи човечност, што значи вистинско христијанско разбирање на другиот и добрина.
Ќе кажам и нешто друго. Честопати светските луѓе, не го прават тоа, што го правиме ние. На пример мене толку многу ме повреди еден црковен човек, како што не ми сторил некој од нецрковните. Тој стори таква подлост, каква јас кај други не сум ја сретнал. Тоа е вистина. Уште толку  многу ни преостанува да поминеме!
Сиот наш живот-е еден суд. Бог не гледа и вели:« Ајде да видиме денес, дете Мое, какви искушениија ти ќе издржиш? Да погледаме, она што ќе го чуеш, како ти тоа ќе го употребиш?»
Пролетуваат зимата и летото, денот и ноќтта. Поминуваат дните на твојот живот, ти бараш смисла.


Јас запрашав еден човек:
-Како ти ја пронајде смисолата на животот, кој ти помогна да ја разбереш животната лекција?
Тој ми одговори:
-За мене најголем учител во животот беа моите грешки и гревови. Јас мислев, дека тој ќе рече: Јас го познавав старец Порфириј, другите старци, а тој:
-Мојот најголем учител, кој ме научи на тоа, како да ја разберам смислата, беа моите гревови. Со текот на годините, јас сфатив, колку сум грешен и знаеш ли што направив на крајот од краиштата? Се спријателив со самиот себе и се прифатив себе.  Кога ќе сторев нешто велев: «Зарем јас го направив тоа? Па како е тоа можно!» Од самољубие се спротиставував, но со течението на годините реков: «Да, јас сум таков, јас сум грешен.» Јас го сфатив тоа, го прифатив, се смирив и си помогнав себеси да ги разберам ближните, грешните луѓе и го изменив својот однос кон животот. Се успокоиив, не правев така како што правев порано.  Реков: «Да, тоа сум јас, човек, кој исто така прави гревови, барам прошка.»
Од тоа ти смекнуваш, стануваш посмирен што се однесува до другиот, кој ќе се покаже близу тебе. Кога јас се чувствувам себе грешен, и ти доаѓаш и се исповедаш, тогаш јас нема да те сретнам тебе со меч, нема да го извлечам него, за да ти ја исечам главата, затоа што ќе кажам: «И јас сум таков, и оние луѓе се такви, сите ние сме браќа, сите ние сме грешни.»
Ако ти го разбереш тоа, тоа ќе ти даде тебе голема смисла на жвотот-да разбереш, кој си ти, Кој е Бог и што во крајна сметка сè доаѓа од Него. Ние ништо неможеме да сториме. Сами ништо не можеме да направиме-ние го говориме тоа, и покрај тоа што не веруваме во истото.
Кога Казанзакис*еднаш отишол на Света Гора, сретнал еден многу свет подвижник, отец Макариј, кој живеел во пештера, но лицето му сјаело, самиот тој бил како скелет, низ кожата се гледале коските. Тој отишол кај него, затоа што ги барал најсуровите подвижници, за да ги реши своите проблеми, во кои потоа пак се заплеткувал. Казанзакис го запрашал светиот старец:
-Отец Макариј, се бориш ли уште со ѓаволот? Веќе си остарел, само коски висат од тебе!


Тој подвижник му рекол:
-Не чедо мое, сега јас остарев но, остаре и тој. Не се борам со него.
-И што правиш ти сега?
-Сега се борам со Бог!
-Не разбрав! Ти зарем, се надеваш дека ќе го победиш Бог?
-Не! Јас се надевам, дека Он мене ќе ме победи! За тоа се молам сега. Јас разбрав дека ќе си пропатам, ако се карам со ѓаволот. Затоа се молам, Бог да го победи него во мене! Тајната не  е во тоа, да го победиш ѓаволот, туку во тоа, да се отвори вратата, за да влезе Бог во тебе и Он да го победи ѓаволот, Он да ја движи твојата уста, рацете, умот, очите, учите твои, за Он да ти го устрои твојот живот, и тогаш ќе видиш, како ќе ти се промени животот.
Тоа го натерало силно да се замисли и тој го запишал истото. Исто и на мене тоа ми предизвика впечаток-се молам да бидам победен од Бог! Во тоа има голема смисла на животот. Ние не се родивме за тоа да се бориме, туку да се радуваме, да се насладуваме со Божјото присуство, и во тоа е нашата борба: како Бог да велзе во мојот дом? Како да го вложам Бога во своето срце, за да ми се смени животот.
Така што, како што повеќе време поминува, дотолку повеќе смисла наоѓаме, и на крајот вие гледате, со текот на времето гледате, што смисла не може да  најде човек, кој е многу млад,-тоа е тешко. Треба да се помине низ многу нешта, за да се најде смислата и целта на жвиотот.
Односно, треба да понесеме удари, да ни стане тешко, ќе страдаме, ќе паѓаме и ќе стануваме и ќе се вразумиме од нашите грешки. Кој прави грешки? Оние кои се борат. Кој направил многу грешки? Оние, кои живееле многу години, така што почнале многу да разбираат. Затоа кога некогш ќе позборуваш со некој дедо или баба, тие подобро знаат, што да те посоветуваат: таа минала низ многу нешта, го достигнала смисолот на животот.
За тоа ние го молиме Бога-да може Он пред да остариме, да нè направи позрели, помудри, да ни даде сила и цел во животот. Ако ти разбереш, кој си ти на планетата Земја, ќе ја пронајдеш смислата во својот животот. Знаете ли колку луѓе има на планетата Земја? Некаде прочитав, а и зборував еднаш со некој духовник и му ги кажав своите проблеми, а тој ми рече:
-Успокој се! Излези малку од своето «јас», остави го малку твојот проблем.
-А, знаете ли што мене ме интересира?
Знаеш ли ти, кој си ти, тебе кој те занимава тој проблем? Знаеш ли ти, кој си всушност?
-Кој сум? Да. Јас сум оној кој  што сум.
-Што си ти на оваа земја? Ти си еден од шестте милијарди луѓе! Што си ти? Твојот проблем?! Твоето прашање? Твоето самољубие? Ако разбереш, дека ти си еден од шестте милијарди луѓе, кои живеат на планетата Земја...

Во оној миг кога го осознав тоа, веднаш се приземјив. Си реков себеси: «Јас сум незначителен, јас сум совршено ништо.» Тоа е како кога авионот се издига, и на почеток гледаш автомобили, куќи, гледаш и луѓе, кој си одат по патот, а потоа веќе ништо не гледаш. Така што ако одлеташ на месечината, ќе ја видиш Земјата како сина топка, впрочем ништо друго не ќе видиш.

Така што, што сме ние луѓето? Тоа смирение-да си го знаеш местото, кое ни се полага на планетата, да се притисне малку своето самољубие и да се каже: «Ајде да се смирам јас пред Бог, затоа што и јас исто така-сум мало создание. Нема да помине многу време, и јас нема да суштествувам, не ќе бидам жив. Тогаш зошто да се карам, зошто да негодувам, зошто да одам по судови, кога можам сè да избегнам? Зошто да се разведувам, ако можам да издржам уште неколку години? Ако пак можам да издржам, тогаш зошто да се разведам? Што сум јас? Еден од шестте милијарди.»

Еднаш јас оваа мисла ја кажав на две монахињи, кои беа сакрани една со друга во еден манастир,-се случува и тоа, зарем не е речено, дека и во најдобрите домови има искушенија? Во сите домови. Им кажав, колку сме незначителни, и како ќе нѝ биде жал, кога во еден момент ќе заминеме од земјата. Ги запрашав:
-А кога оваа сестра еднаш ќе ја нема, како ти ќе се чувствуваш, ако бидеш жива?
Потоа се завртев кон другата и ѝ реков нејзе:
-Ако неа одеднаш ја снема, како ти ќе се чувствуваш? Сега сакаш да ѝ ги извадиш очите, но не можеш. А ако таа си замине одовој свет, како ќе се чувствуваш?
И знаете ли, што направија и двете? Тие заплакаа и се прегрнаа.
-Простете, баќушка, што плачеме пред вас!
-Ништо, ништо!
Тие се трогнаа од таа мисла. Открија за себе смисла, кога размислија, колку е тоа глупаво-да се караш поради незначителни нешта.
И знаеш ли што се крие зад тоа? Тоа што сметаш, дека ти си-нешто. «Ќе ти покажам јас тебе! Да, јас!...» А што си ти? Нема да поминат многу години и кој ќе мисли на тоа што си ти и дали си живеел некогаш воопшто, кој ќе те знае по 10 години? Никој!

Затоа уште сега сфати го тоа, за да ја сфатиш смислата на смирението. Фактот што човек старее, му помага нему многу. Кога  старееш, се успокојуваш. Кога поминуваат годините, ти сфаќаш: во крајна сметка, она што во животот останува,-тоа е благоста и љубовта. Додека си млад, ти се бориш, гориш, имаш искушенија, имаш сешто кај тебе. А кога ќе остариш, се приземјуваш. Бог многу нѝ помага со староста: и мислите се очистуваат, и умот се успокојува, и страстите се сталожуваат.

* Никос Казанзакис(1883-1957)-познат грчки писател.

(продолжува)

превод од руски: Маја Б.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная