Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)
Во секое наше лично страдање Го препознаваме првенствено Христос и го надградуваме нашиот личносен однос со Него. Самото страдање е реално, но тоа останува во втор план, затоа што преку прифаќањето и благодарењето истото станува извор на радост од новоостварениот и надградениот однос со нашиот Господ.
Секое друго страдање е бесмислено.