Воскресение Христово – Пасха

‘Христос воскресе! Вистина воскресе!’
Со овој поздрав ние воедно и веруваме, исповедаме и сведочиме дека човекољубивиот наш Спасител, Господ Исус Христос, беше предаден (на смрт) за нашите гревови и воскреснат за наше оправдание (Рим.4:25).











На 29.04.2016 година, Вечерта на Велики Петок, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Tетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Утрена и беа отпеани Статиите на ОПЛАКУВАЊЕТО ХРИСТОВО, во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово. Во милозвучното пеењето на статиите учествуваше и градскиот хор „Менада“ од Тетово под раководство на маестро Ивица Зориќ.


На Велики Четврток, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан чиноначалствуваше на Вечерната Василиевата Литургија во црквата Св. вмч. Димитриј Солунски во Скопје. По отслужената Литургија се изврши Светата тајна Елеосвештение (Маслосвет).
































