Местото на Христовото Крштение внесено во светското наследство на УНЕСКО
Витавара, која се наоѓа на источниот брег на реката Јордан, на девет километри северно од Мртвото море, се состои од две главни археолошки зони: зоната Тел ел – Харар, позната како место од каде што на небото беше вознесен пророкот Илија, и зоната каде што се наоѓа храмот на Св. Јован Крстител, во близина на Јордан. Според христијанската традиција, во Витавара Господ Исус Христос го примил Крштението од раката на Св. Јован Претеча.