Скопје. 3-ти јануари 2016 год.- храм на св.вмч. Георгиј, К. Дол
- Во триесет и првата недела по Педесетница, на празникот на Светата маченичка Јулијанија и шестотини и триесетте маченици со неа , презвитер Горан Тасески, во сослужение на ѓаконот Гаврил Најдовски отслужи Божествена Литургија во манастирската црква на св.вмч. Георгиј, во месноста Криви Дол, Скопје. Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа, а потоа беа изнесени на поклонение светите мошти.
Старечник
Го посетија монаси авва Антониј и му рекоа: „Кажи ни како да се спасиме.“ Старецот им рече: „Сте го слушале Светото Писмо? Доволно е за вас.“ А тие рекоа: „Сакаме да чуеме и од тебе, отец.“ А Старецот им рече: „Во Евангелието се вели: Ако некој те удри по едниот образ, заврти му го и другиот.“ Тие рекоа: „Ние не можеме да го правиме тоа.“ Старецот им рече: „Ако не можете да го свртите другиот, барем едниот истрпете го.“ Му рекоа: „Не можеме ни тоа.“ А Старецот рече: „Ако не можете ни тоа, не возвраќајте на истиот начин.“ Рекоа: „Ни тоа не го можеме.“ Му рече Старецот на својот ученик: „Направи им малку каша, тие се болни.“ А ним им рече: „Ако ова не можете, а она не сакате, што да ви правам? Треба да се молите.“
Preminportal (k.t.)